Природни масла за побрзо потемнување на кожата

Еден од омилените благодети на летото веројатно е потемнетата, бронзена кожа и совршениот тен кој ги покрива сите недостатоци. Секако, доколку се сончате паметно.

prirodni-masla-za-pobrzo-potemnuvanje-na-kozhata-001.jpg

Некои природни маска може да ви помогнат да го добиете посакуваниот тен без многу мака и „печење“.

Секако, пред да се намачкате со нив, мора да внимавате на периодот во кој се сончате, за да не си создадете изгореници.

Мора да избегнувате да се сончате во периодот од 11 до 17 часот, како и да нанесете слој заштитен фактор под нив.

Потоа од голема помош ќе ви бидат маслата од:

Лешник – содржи витамин Е и кожата бргу го впива.

Кокос – првенствено им се препорачува на луѓето со чувствителна кожа.

Маслинки – уште ако во маслиновото масло додадете сок од свежо цеден морков и капка јод, добивате одличен сојузник во потемнувањето.

Авокадо – им се препорачува на оние со сува кожа, а го спречува и формирањето на брчки и проблемите со пигментација.

Зелен чај – ја омекнува кожата и сепак има минимален UV заштитен фактор. Одлично би било и ако го измешате со некое од горенаведените масла.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
Чести грешки со кои несвесно си ја уништувате кожата (и ја зголемувате појавата на брчки) Користите исти продукти во лето и зима, а нанесувате крем со фактор само кога е ...
Чај од бел трн, кефир: Како кожата на Марго Роби изгледа беспрекорно во новиот филм „Barbie“? Експертот за здравје кој соработувал со Марго Роби за време на снимањето на Barb...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Сите нијанси на жолто - Идеи за пролетен маникир Металик или мат, нежна како банана или силно жолта... Која нијанса и стил се ваш...
Зошто косата ви се мрси често и како да се справите со овој проблем? Постојат многу причини за често мрсење на косата – од неправилно миење, до хормо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg