Во потрага по совршено-несовршена фризура? Во тренд е футуристичкиот боб (фото)

Кратките фризури повторно се враќаат во центарот на вниманието. Наместо перфектно испегланиот боб каде што секое влакно е на своето место, оваа сезона се носи разбушавена боб-фризура која неодоливо потсетува на онаа која ја носеше Мила Јовович во филмот Петтиот елемент.

Vo-moda-e-futuristickiot-bob-01.jpg

Според стилистите, оваа фризура носи слобода, означувајќи моќ и ноншалантност истовремено.

Се истакнуваат кусите шишки кои одлично ги надополнуваат кратките слоеви коса.

Добрата вест е што нема да поминете часови во фенирање и исправување на косата.

Доволно е само да ја потсушите со фен и да ја разбушавите. Целта е да изгледа што е можно поприродно и неизнасилено.

Совршено-несовршена фризура, зарем не е тоа добра идеја?

Дали сте подготвени за футуристички боб?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

18 тренди фризури за кратка коса според обликот на вашето лице Дали имате овално, тркалезно или лице во форма на срце? Според формата на лицето...
9 (ризични) фризури кои не им стојат добро на сите Многу кратката боб фризура ќе треба постојано да ја стилизирате, а и се чини дек...
5 забавни идеи за син маникир, идеален за студените зимски месеци Син маникир што се прелева - Хит оваа сезона е сината боја што ќе се прелев...
10 трикови со кои ќе ја задржите свежината и ќе изгледате помладо Прикријте ги линиите на челото со шишки, не го ставајте руменилото под јаболчниц...
Боб фризура е хит за пролет ‘24: Кои Македонки го следат светскиот тренд? Ако сакате да го смените својот изглед на почетокот на пролетта, почнете од коса...
Трикови со кои холивудските дами ги кријат белите влакна без да ја фарбаат косата (а можете да ги ко... Волуменозни фризури, украси за коса, плетенки околу целата глава - холивудските ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg