Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Памучна перница, пречесто зборување на телефон: Секојдневни грешки кои ви штетaт на кожата

Во желбата кожата да ви биде здрава и убава, веројатно сте подготвени да издвоите огромна сума на пари секој месец. Но, додека се обидувате да го подобрите нејзиниот изглед, честопати ви се поткраднува и по некој погрешен чекор. Кои се најштетните?

pamuchna-pernica-prechesto-zborenje-na-telefon-sekojdnevni-greshki-koi-vi-shtetat-na-kozhata-1.jpg

Доколку вистински водите грижа за вашето лице и тело, постојат неколку нешта кои треба да престанете да ѝ ги правите на сопствената кожа.

Петте секојдневни грешки со кои во голема мера ѝ наштетувате на кожата се следните:

1. Претерувате со примена на производи

Кога прекумерно се користат, мноштво типови на козметички средства за нега на лицето, можно е да ѝ нанесат повеќе штета, одошто корист на вашата кожа.

Оштетувањето на површинскиот, заштитен слој на себумот, предизвикува дополнителни проблеми со кожата - иритации, појава на мозолчиња, брчки...

А, имајте на ум дека неумерената употреба на препарати за нега на лице не ви штети само на кожата, туку и на џебот.

pamuchna-pernica-prechesto-zborenje-na-telefon-sekojdnevni-greshki-koi-vi-shtetat-na-kozhata-2.jpg

2. Ги стискате мозолчињата

Ви се појавило мозолче на видливо место од лицето, и тоа баш во моментот кога најмалку требало? Добро позната ситуација за многумина. Се чини како брзо и привлечно решение, но сепак обидете се да ѝ одолеете на желбата веднаш да го истиснете.

При „вадење“ на акните, ја притискате и кожата од страните, што може да го интензивира воспалението, или, пак, да ја прошири инфекцијата и на соседните подрачја од лицето.

pamuchna-pernica-prechesto-zborenje-na-telefon-sekojdnevni-greshki-koi-vi-shtetat-na-kozhata-3.jpg

3. Одите во кревет со шминка

Најголемата, а најчестата грешка што жените ѝ ја прават на сопствената кожа, претставува „заборавањето“ да ја отстранат шминката пред спиење. Ваквата лоша навика може да ги затне лојните жлезди, складирајќи ја шминката во порите, кои стануваат поголеми.

Покрај тоа, неадекватното чистење и третирање на кожата од лицето, ја оневозможува регенерацијата на кожата во текот на ноќта, што пак, ја забрзува и појавата на знаци на стареење.

pamuchna-pernica-prechesto-zborenje-na-telefon-sekojdnevni-greshki-koi-vi-shtetat-na-kozhata-4.jpg

4. Пречесто зборувате на телефон

Намалете го користењето и на мобилниот телефон, доколку сакате да имате здрава и убава кожа. Зошто? Бидејќи комбинацијата на топлина и пот, предизвикува оштетувања на кожата, како што се акни, хиперпигментација и прерано стареење.

Од синото светло на паметните телефони, пак, коешто го потиснува производството и намалува нивоата на мелатонин во телото, не може да ве заштитат ниту креми, а ни серуми. Поради тоа, обидете се барем да ја намалите светлината на вашиот уред.

pamuchna-pernica-prechesto-zborenje-na-telefon-sekojdnevni-greshki-koi-vi-shtetat-na-kozhata-5.png

5. Спиете на памучна перница

Заменете ја памучната, со свилена или сатенска навлака за перницата. Памучната ткаенина го оневозможува лизгањето на кожата по материјалот додека се поместувате во крeветот, предизвикувајќи појава на несакани брчки.

Истовремено, памучната перница ги впива влагата и природната маснотија на лицето, правејќи ја кожата посува, за разлика од свилените или сатенските перници, кои ѝ дозволуваат да дише.

pamuchna-pernica-prechesto-zborenje-na-telefon-sekojdnevni-greshki-koi-vi-shtetat-na-kozhata-6.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
5 најчести грешки во летната рутина на кожа Летото е сезона на сончеви денови, активности на отворено и шанса да уживате во ...
Како да ја искористите тиквата во рутината за убавина + кои се здравствените придобивки? Пилинг за тело, маска за мрсна кожа, но и маска за педикир - за што сè можете да...
Фото-докази: Како нагласените усни или очи целосно го менуваат ликот? Скарлет Јохансон, Ирина Шајк и Ева Лонгорија се дел од познатите дами кои изглед...
Јога за лице: 3 вежби со кои ќе ги намалите брчките Во нашата потрага по младешки изглед, сите сме пробале различни третмани за убав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg