Совети од експерт – Како да направите вашите веѓи да изгледаат пополно?

Веќе неколку години наназад, полните, дебели веѓи се во мода. Можеби треба да им заблагодариме на супер моделите како Кара Делевин за трендот, а можеби треба да се свртиме кон науката, која тврди дека полните веѓи инстантно даваат младешки сјај и дека луѓето се попрепознатливи по веѓите отколку по очите.

Kako-da-napravite-vasite-vegi-da-izgledaat-popolno-01.jpg

Со веѓите автоматски му давате структура на ликот. Добро обликуваните веѓи прават да изгледаат побудни, со повеќе енергија и на некој начин совршено „исполирани“.

Веѓите го врамуваат ликот, во тоа нема никаков сомнеж. Но, доколку сте од оние кои во младоста имале претенки веѓи, а им растат премногу бавно или им се ретки, време е да ги испробате следните неколку совети од експерт за веѓи, со цел да добиете поволуменозни и повпечатливи веѓи.

Целта е тие да изгледаат што е можно поприродно, а ова е се чекорите кои треба да ги направите со цел да добиете совршени „рамки“ врз вашите очи:

Одберете молив, наместо пудра или сенка за веѓи

Моливот овозможува подобра и попрецизна контрола врз исцртувањето на веѓите. Воедно, тој полесно се сенчи, односно „бленда“.

Кога ја бирате бојата, за поприроден изгледа одберете молив за веѓи во иста боја како природната боја на вашата коса, поточно нијансата на коренот.

Доколку сакате подраматичен изглед, одберете нијанса потемна боја од онаа на вашиот корен.

Исчешлајте ги веѓите

Пред да започнете со исцртување, исчешлајте ги веѓите нагоре, со цел да добиете пополна форма. Наместо да почнете да исцртувате со моливот од самиот почеток на веѓата, започнете да ги пополнувате местата кои се најпразни со влакненца.

Целта е тие да изгледаат што е можно поприродно и ненападно. Работете со меки, но кратки и брзи потези, имитирајќи ефект на лажни влакненца на веѓите.

Правилно движете го моливот

Кога ќе стигнете на крајот од лакот на веѓата, движете го моливот кон внатрешниот агол, отколку да го влечете надолу, бидејќи сакате веѓите да бидат подигнати, а не свиткани надолу, односно „потонати и тажни“.

Не заборавајте да сенчите

Наместо да ја оформите и пополните веѓата со моливот па дури потоа да сенчите, сменете ја рутината и блендајте ја бојата додека ја нанесувате, малку по малку.

На тој начин веѓите ќе изгледаат многу поприродно, бидејќи константно ја блендате бојата врз веѓите. На крајот треба да изгледа толку суптилно и да не се познава, како воопшто да не сте ја нанеле.

Исчешлајте ги веѓите уште еднаш и додадете малку бела сенка или хајлајтер веднаш под лакот на крајот од веѓата за повпечатлив изглед.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 забавни идеи за син маникир, идеален за студените зимски месеци Син маникир што се прелева - Хит оваа сезона е сината боја што ќе се прелев...
Трендови во шминкањето и фризурите кои се вратија од минатото (и преку ноќ станаа повторно ИН) Проѕирен маникир за нокти, темно моливче околу целото око, коса залижана наназад...
Трикови за шминкање кои ќе ви го олеснат животот (а ќе заштедите и пари) Навлажнете ја четкичката со која нанесувате сенка за очи - на овој начин бојата ...
10 трикови со кои ќе ја задржите свежината и ќе изгледате помладо Прикријте ги линиите на челото со шишки, не го ставајте руменилото под јаболчниц...
Каков маникир да изберете оваа есен за да бидете во тренд – Од чоколадни, до речиси проѕирни нокти (... Металик нокти со врв од мат лак, нокти во боја на топло чоколадо, но и речиси пр...
5 машки парфеми од LIDL кои се копија на познатите светски мириси, а чинат помалку од 10 евра (фото)... Парфемите што се продаваат во LIDL се всушност копија на скапите парфеми на позн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg