Еден трик како да се збогувате со масната коса засекогаш

Многу жени во светот имаат масна коса и сметаат дека треба да ја измијат со шампон веднаш кога ќе им се појават видливите знаци на мастење.

stilistot-pol-vindi-otkriva-masnata-kosa-e-lesno-reshliv-problem-2.jpg

Фризерот, експерт во својата област, кој се грижи и за изгледот на косата на многу познати дами, Пол Винди, открива дека решението за ваквиот проблем е доста едноставно.

Според него, најголема грешка која се прави при миењето на косата е нанесувањето премногу шампон и недоволното плакнење.

stilistot-pol-vindi-otkriva-masnata-kosa-e-lesno-reshliv-problem-3.jpg

Така, тој препорачува да се користи мала количина шампон, да се шампонира косата двапати во текот на миењето и внимателно и темелно да се исплакне.

Винди препорачува при нанесување на шампонот, кој секако, е соодветен за вашата коса, да нанесете во коренот и да го измасирате скалпот, па потоа да ја нанесете направената пена по должината на косата. По неколкуминутната масажа ја плакнете косата со вода, внимавајќи да не остане ни најмала трага од шампонот.

stilistot-pol-vindi-otkriva-masnata-kosa-e-lesno-reshliv-problem-4.jpg

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто косата ви се мрси често и како да се справите со овој проблем? Постојат многу причини за често мрсење на косата – од неправилно миење, до хормо...
Трикови за шминкање кои ќе ви го олеснат животот (а ќе заштедите и пари) Навлажнете ја четкичката со која нанесувате сенка за очи - на овој начин бојата ...
Зошто наесен ви паѓа повеќе коса + како да го поттикнете нејзиниот раст? Иако не е позната точната причина, на многу луѓе наесен им паѓа повеќе коса. Иак...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
Како да го забрзате растот на косата? Рецепти од природни состојки кои може да ги направите сами дом... Дали сте од оние луѓе кои пробале многу производи за брзо растење на косата, но ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg