Огнено црвена или чоколадна: Кои бои на коса ќе бидат вистински хит во 2018?

Без разлика дали ви здодеа од истата боја на коса или едноставно сакате да испробате нешто поинакво, промената е секогаш добредојдена.

ogneno-crvena-chokoladna-koi-boja-za-kosa-ke-bidat-vistinski-hit-vo-2018-2.jpg

Наместо да се мислите која боја на коса најмногу ќе ви прилега, најдобро е да се консултирате со вашиот стилист, неговото искуство секогаш може да ви биде од помош.

Почетокот на новата година ги донесе и новите трендови, па доколку сѐ уште не можете да се одлучите во која насока да го насочите својот стил, погледнете кои се новите хит бои на коса за 2018. Можеби идејата сама ќе ви дојде.

Чоколадно кафеава

Чоколадната односно темно кафеавата боја е секогаш добар избор доколку сакате да се вратите на својот тинејџерски изглед.

Па, доколку чувствувате потреба да се подмладите, оваа нијанса е вашиот совршен избор.

ogneno-crvena-chokoladna-koi-boja-za-kosa-ke-bidat-vistinski-hit-vo-2018-3.jpg

Светло кафеава

Девојките најчесто им се навраќаат на кафеавите тонови во зимскиот период од годината, меѓутоа како доаѓа пролетта така започнува и осветлувањето.

Едноставно неоспорно е дека светлите нијанси на кафеава допрени од зраците на сонцето изгледаат навистина неверојатно.

ogneno-crvena-chokoladna-koi-boja-za-kosa-ke-bidat-vistinski-hit-vo-2018-4.jpg

Платинеста

Големиот број од познатите девојки се одлучуваат за руса коса, меѓутоа платинестата нијанса стана вистински хит.

Ваквата платинум-манија е одличен начин за да направите впечатлива промена.

ogneno-crvena-chokoladna-koi-boja-za-kosa-ke-bidat-vistinski-hit-vo-2018-5.jpg

Огнено црвена

Овие огнени нијанси на црвената едноставно зрачат со магија и сексапил.

Па, доколку сакате да ја прикажете својата заводлива страна ова е одличен период да се обидете – во мода е!

ogneno-crvena-chokoladna-koi-boja-za-kosa-ke-bidat-vistinski-hit-vo-2018-6.jpg

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Едноставно, а модерно - Фризури за секој ден кои ќе бидат тренди во 2024-та Ако ви здодеа да носите само пуштена коса или да ја врзувате во обично опавче, т...
Сите нијанси на жолто - Идеи за пролетен маникир Металик или мат, нежна како банана или силно жолта... Која нијанса и стил се ваш...
5 забавни идеи за син маникир, идеален за студените зимски месеци Син маникир што се прелева - Хит оваа сезона е сината боја што ќе се прелев...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Трендови во шминкањето и фризурите кои се вратија од минатото (и преку ноќ станаа повторно ИН) Проѕирен маникир за нокти, темно моливче околу целото око, коса залижана наназад...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg