Како да престанете да пушите?

kako-da-prestanete-da-pusite-povekjeАко веќе сте се обиделе да престанете со пушење, тогаш знаете дека не е баш така едноставно. Пробувате да се одвикнете од пушење заради...

 

 

...здравствени причини или за да заштедите, еве 10 совети кои ќе ви помогнат:

1. За почеток мора да бидете цврсто решени во својата одлука. Ова можеби ви е веќе јасно, меѓутоа ако се обидувате да престанете со пушење само за да усреќите некого (партнерот, фамилијата) многу е помала веројатноста дека ќе успеете.

2. Листа на причини зошто сакате да престанете да пушите ќе ви помогне. Еве некои од нив кои може да ги земете во предвид

Моментални причини за да престанете: лош здив и жолти заби; миризбата на облеката, косата и кожата; намалени kako-da-prestanete-da-pusiteфизички можности; забрзано чукање на срцето и повисок крвен притисок; ги загрозувате непушачите околу себе; цената на цигарите

Долгорочни причини за да престанете да пушите: отровните хемикалии во димот од цигарите; опасност од заболување од рак на белите дробови и други видови; опасност од срцеви болести; проблеми со дишењето; бори; опасност од чир; кај трудниците опасно за бебето

3. Точно пресметајте колку пари трошите на цигари. Ќе се изненадите колку пари сте фрлиле на оваа навика. Имајте на ум што се сте можеле да си дозволите со тие пари

4. Забележете кога ќе ви недостига пушењето најмногу (после оброците, со кафе...). Така ќе можете да се подготвите, па дури и да планирате нешто за тоа време наместо да мислите на цигарите - отидете на прошетка

5. Откако сте се подготвиле за откажување, побарајте поддршка. Објаснете им на пријателите и семејството да ви помогнат. Ќе се зачудите колку ќе ви значи оваа поддршка. Наградете се- купите си нешто од парите кои не сте ги потрошиле за цигари.

6. Престанете да пушите од ден за ден. Немојте да размислувате на тоа како засекогаш ќе престанете да пушите. Наместо тоа речете си “Денес нема да пушам!“ и многу полесно ќе се воздржувате

7. Ако имате некој пријател кој исто така сака да се откаже од пушењето, пробајте заедно. Немојте да се натпреварувате, напротив бидете си взаемна поддршла и помош во кризните ситуации.

8. Кога ќе почувствувате потреба за цигара, направите нешто што ќе ви го одземе вниманието и ќе ви ги оттргне мислите. Земете гума за џвакање или лешници колку да имате нешто во устата и пијте многу вода и овошни сокови.

9. Исфрлете ги сите пепелници, кутии со цигари, запалки

10. Пробајте да престанете со пушење кога нема да бидете под голем стрес - на пример кога сте на годишен одмор. Ако цигарите ви биле средство за смирување во стресни ситуации најдете друг начин за борба против стресот - шетање, топла купка или техниките на дишење.

Би можело да ве интересира:

Сѐ за миомите на матката - Mоже ли да се претворат во карцином и дали влијаат врз бременоста? Миомите може да ја зголемат матката и до 10 пати, а во исто време може да имате ...
Зошто докторите најчесто препорачуваат терапии со инхалација + корисни работи што треба да ги знаете Во минатото, за инхалирање се користеше тенџере со топла вода, а понекогаш внатр...
Кои се најчестите симптоми на алергија на храна и кога можат да бидат опасни по живот? Алергијата на храна кај повеќето луѓе предизвикува благи симптоми, како чувство ...
Факти за хименот - Ако целосно ја покрива вагината, мора да се оперира, кај секоја жена има различна... Хименот кај жените и девојчињата речиси во сите светски култури се смета за глав...
Намирници што го забрзуваат метаболизмот (и можете да ги најдете во секој маркет) Постојат намирници кои го забрзуваат метаболизмот, што ги прави одлични за оние ...
Болести кои предизвикуваат студени стапала (и кога треба да одите на лекар) Дијабетес, но и проблеми со тироидната жлезда - Кои здравствени проблеми предизв...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg