4 правила за витка линија

Сте почнале со физички активности и нов начин на исхрана, но сепак не губите килограми доволно брзо. Ако е ова вашиот случај, тогаш на вашиот...





... досегашен режим додадете ги овие 4 едноставни правила кои ќе ви помогнат побрзо да го изгубите вишокот од килограми.

1. Одбегнувајте вечера или вечерајте малку
Можеби ова сте го слушнале милион пати, но редно време е да почнете да се придржувате кон ова правило. Навечер 4-pravila-za-vitka-linija1работата на метаболизмот е значајно поспора, па затоа се препорачува внесување на минимална количина на храна. Јадете нешто лесно како што се житарици, супа или напијте се една чаша јогурт.

2. Со мали тегови до повеќе успеси
Вежбајте со мали тегови. Според истражувањата, жените кое вежбаат со тегови од 1 или 2 килограми само два пати дневно, губат 15% повеќе масни наслаги околу стомакот во споредба со оние кои не прават никакви физички активности.

Со вежбањето со тегови ќе ги намалите мастите за 4%. Ние ви препорачуваме овие лесни вежби да ги правите за време на вашиот омилен филм или серија.

3. Тргнете го  соларникот од маса
Умерено посолувајте ја вашата порција. Едноставно тргнете ја солта од масата, бидејќи се верува дека на тој начин ќе го намалите количеството на сол за 30%. Наместо обичната сол, користете морска сол или пак лимонов сок како зачин.

4. Наспивајте се!
Добриот сон го намалува апетитот. Да, добро слушнавте. Научниците заклучија дека оние луѓе кои спијат малку, на пример по само 4 часа, во текот на денот имаат зголемен апетит за 23% од оние кои се наспиваат.
Овој факт е поткрепен со тоа дека ако вашиот организам е ненаспан и уморен, има потреба од повеќе енергија која во текот на денот обично се надоместува со храна, наместо со сон.

Вие направете обратно – со сонот наполнете се со енергија.

Би можело да ве интересира:

Ги открива воспаленијата во телото, помага за спречување на срцев удар - Што означува CRP во крвната... Нивото на CRP може да укаже дали имате инфекција во телото, а кај повозрасните л...
Атопичен дерматит кај бебиња - зошто се јавува и како се лекува? Бебето е нервозно, плачливо, постојано се чеша и не спие навечер. Атопичниот дер...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
Проблеми со здравјето кои некогаш го отежнуваат слабеењето Синдромот на полицистични јајници, како и хроничниот стрес можат да бидат причин...
Кои се здравствените придобивки од спирулина и дали може да ја користи секој? Спирулината е алга богата со железо, калциум, магнезиум и витамини и може да бид...
Што е тоа Хепатит Ц, како да откриете дека го имате и може ли да се излечи? Може да поминат месеци додека заразените со Хепатит Ц откријат дека го имаат, за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg