Дружење за подолг живот

druzenje-za-podolg-zivot-povekjeДруштвеноста е еден од најдобрите начини за продолжување на животниот век. Добрите односи со фамилијата, соседите па дури и со домашните миленици...

 

 

...значајно влијаат на квалитетот на вашиот живот, а со тоа и на неговата должина.druzenje-za-podolg-zivot

Влијанието на добрите друштвени односи на здравјето прв го воочил во 1858 година Вилијам Фар, британски научник, кој ја поставил тезата дека вдовивиците и вдовците имаат поголем процент на смртност за разлика од нивните врсници во брак.

Големото статистичко истражување покажало дека бракот додава 7 години кај мажите, 2 години живот кај жените.

Новите истражувања покажуваат дека личност во брак која има срцева болест, може да очекува да живее 4 години подолго од својот врснил со здраво срце, но кој не е во брак.

Па така ако не можете да се откажете од пушењето, негативното влијание можете да го поништите со добар брак.

Можеби ви е чудно, но оженет маж кој пуши повеќе од една кутија цигари на ден има поголеми статистички шанси за подолг живот од својот врсник кој не пуши и не е во брак.

Се прашувате на кој начин ви се продолжува животот?

Влијанието е доста комплицирано, а на него влијаат економски фактори, здравствени услуги, размената на информации, емотивната потпора и уште некои психолошки механизми.

Друштвените контакти го поттикнуваат развојот на мозокот и  имунолошкиот состав, што води до помало нарушување на здравјето и мали шанси за развој на депресија кога ќе остарите. Личностите кои наоѓаат потпора кај другите - полесно го поднесуваат стресот.

Значи, градењето добри односи со сите околу вас, ќе го направите својот живот поубав и значително ќе го продолжите.

Однесувајте се љубезно и добронамерно кон луѓето, а награда ќе ви биде долг и здрав живот!

Би можело да ве интересира:

Атопичен дерматит кај бебиња - зошто се јавува и како се лекува? Бебето е нервозно, плачливо, постојано се чеша и не спие навечер. Атопичниот дер...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Вие прашувате, психолог одговара: „Сестра ми почина, како да разговарам со внукот на оваа тема?“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Најчестите причини за еректилна дисфункција, според експерти Еректилната дисфункција е честа појава која може да биде предизвикана од разни ф...
Испукани капилари на лицето: Сѐ што треба да знаете и како да ги третирате Испуканите капилари на лицето не се ретка појава, но бидејќи не изгледаат најдоб...
Како да препознаете дали вашето дете има крупни сипаници и како да му помогнете? Колку дена децата што имаат сипаници се заразни, како можете да му помогнете на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg