Влијанието на марихуаната

efektot-na-marihuanata-povekjeДолгорочното користење на марихуаната го уништува мозокот т.е. ја смалува неговата когнитивна способност, потврдено е повторно. “Таа дефинитивно...

 

 

...го заматува мозокот“ - вели Ламброс Месинис, главен истражувал на Медицинскиот факултет во Патра, Грција.efektot-na-marihuanata

Месинис со своите колеги ја истражувал менталната способност на 20 долгорочни корисници на марихуана - тешки зависници, кои пушеле најмалку 4 џоинта неделно, и ги споредувале резултатите со помали корисници и со луѓе кои никогаш не користеле марихуана.

Нивниот мозок имал значително послаби способности. На тестот се покажале многу лоши можности за помнење и за присетување на информациите. На пример, кога требале да повторат 15 зборови кои ги виделе последни во просек се сетиле на 7, оние кои користеле марихуана пократок период на 9, а оние кои воопшто не користеле се сетиле на 12 зборови.

“Оние кои користат марихуана подолго време, многу тешко учат и помнат информации кои ќе ги чујат“ - вели Месинис. “Не е во прашање недостаток на внимание, едноставно се работи за ослабена способност за помнење“.

Сите испитаници пред истражувањето биле во карантин 24 часа, за да се отстрани можноста сеуште да бидат под влијание на дрога.

Истражувањето го потврдила и Надја Солвиџ, научник од Австралија, која рекла дека истражувањето е само надоградување на нејзината работа од 2002 година.

“Научниците само ги потврдиле нашите резултати- користењето марихуана прогресивно влијае на работата на мозокот и когнитивната способност. Колку подолго ја користите - толку повеќе ви слабее способноста за помнење“.

Би можело да ве интересира:

Промени во менструалниот циклус кои можат да бидат знак за проблем (и не треба да ги игнорирате) Кај многу жени можат да се јават (непријатни) промени во менструалниот циклус ко...
10 промени на вашите стапала што можеби укажуваат на здравствен проблем Додека студените стапала можат да бидат знак за слаба циркулација, отечените ста...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам ни да ја погледнам ќерка ми – дали имам постпородилна де... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Без лекови: Како да го намалите холестеролот по природен пат? Поради зголеменото ниво на холестерол во крвта може да се соочите со голем број ...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да ја охрабрам пријателката да не се плаши од развод од сопр... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Астма кај деца: Симптоми, препознавање и лекување За некои деца, астмата е мала непријатност, за други таа може да ги ограничи сек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg