Навики кои дебелеат

internet-i-alkohol-povekjeДевојчињата и младите девојки кои посветуваат премногу време на Интернет, спијат малку или редовно пијат алкохол, се повеќе склони кон дебелеење.

 

Според истражувањето спроведено на 5.000 девојки од 14 до 21 годишна возраст за период од една година, било откриено дека колку повеќе време поминувале пред компјутер, за толку пораснал нивниот индекс на дебелина.

Слични резултати се добиле и за испитувањата на внесеното количеството алкохол и спиењето. Недоволното спиењеinternet-i-alkohol се покажало како највлијателно врз тежината во однос на висината.

Набљудувањата се базирале врз основа на тоа колку часа од слободното време тинејџерките поминувале на Интернет, наместо на физичка активност.

Гледано во целина, најмногу часа пред компјутер, чиј ризик за дебелина значително пораснал, поминувале девојчињата помлади од 18 години.

Неспиењето може да предизвика умор и неспособност за исполнување на обврските во текот на денот. Недостатокот на сон исто така влијае врз хормоните и метаболизмот така што делува на тежината.

Оние кои спиеле по 5 или помалку часа дневно, се здебелиле за 2 килограми повеќе за разлика од оние кои спиеле 8 часа.

Иако ова не е значајна промена на килограмите, во иднина би можело да предизвика сериозни нарушувања врз телесната тежина.

Истото се покажало и кај оние кои пиеле повеќе од два пати во неделата, бидејќи многу често се занемарува фактот дека алкохолот содржи значително количество калории.

Би можело да ве интересира:

Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...
Херпес на уста - Зошто се појавува и како да го третирате? Откако ќе се зарази со вирусот, личноста ќе го носи во себе до крајот на својот ...
Вие прашувате, психолог одговара: „Имам 22 години и не сум сигурна во својата сексуална ориентација“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Што е ПАП тест, што открива и на колку време е препорачано да се прави? Редовните гинеколошки прегледи и правењето ПАП тест се од непроценливо значење з...
Јога вежби со кои ќе ги одморите очите од постојано гледање во екран Денес, кога живееме во дигитална ера, нашите очи честопати се изложени на екрани...
Најчестите заболувања и проблеми со здравјето (и како се третираат) Настинка, грип, уринарни инфекции – постојат заболувања со кои сме се соочиле ск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg