Најголемиот човеков орган

Што мислите, кој е најголемиот човеков орган? Сигурно не сте размислувале често на оваа тема па можеби и ќе ви звучи неверојатно, но одговорот на ова прашање е...





...кожата!

Таа има површина од 1,7 до 2 метри квадратни (варира во зависност од висината и телесната градба), а 18% од тежината отпаѓа на кожата. Нејзината заштитна и сетилна улога е мошне значајна.

najgolemiot-covecki-organ
За здрава и свежа кожа најважни се витамините: А, Е, Ц и витаминот Б.

Витамин А содржат папајата и морковот, а го одржува младиот изглед на кожата без бори. Може да го конзумирате преку портокалите, жолтото и портокаловото овошје, зеленчук во листови и кисело млеко.

Витаминот Б го има во јогуртот, грашокот, печурките, сирењето, бадемите, месо, риба и житарици. Потребен е за чиста кожа, млад изглед и помага во борбата со кожни инфекции.

Витаминот Е го има во маслиновото масло, бадеми, лешници, темно зелен зеленчук, јајца и млеко. Помага при заздравување на раните и обновување на кожата. Спречува настанување на брчки и пеги.

Витаминот Ц е дел од јужното овошје, зелената салата, брокула, домати, малини, рибизли. Потребен е за производство на колаген кој го спрелува настанувањето на борите. Штити и од сончевите УВ зраци.

Покрај овие витамини за кожата е важно - бета каротен, внесување на течности (вода) и незасладени чаеви, прошетки на чист воздух.

Би можело да ве интересира:

Која храна да ја јадете, а која да ја избегнувате ако имате анемија? Додека храната богата со железо е одлична за лицата со анемија, постојат намирни...
Кои третмани за коса треба да ги избегнувате ако страдате од мигрена, според доктор? Екстензиите за коса се еден од неколкуте третмани кои е најдобро да ги избегнува...
Лимон наместо антиперспирант - Нов бизарен ТикТок тренд (и зошто е опасен) Според дерматолозите, лимонот може да ја иритира нежната кожа под пазувите, но д...
Природни лекови за воспалени мускули + зошто се јавува болка по вежбање? Не постои волшебен лек што веднаш ќе ја намали болката во мускулите по вежбање, ...
Кои се најчестите симптоми на алергија на храна и кога можат да бидат опасни по живот? Алергијата на храна кај повеќето луѓе предизвикува благи симптоми, како чувство ...
Храна што треба да ја избегнувате ако имате срцеви палпитации, според кардиолог Иако во повеќето случаи срцевите палпитации се безопасни, сепак е препорачливо д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg