7 златни правила за среќа

=Наследните карактеристики и искуството од детството се само половина од нашиот потенцијал за да бидеме среќни. Другата половина зависи од "златните правила".

 

Употребата на различни техники на "ментални вежби", на секој може да му донесе чувство на исполнетост и задоволство.

Тоа е основниот постулат на т.н. позитивна психологија, односно "науката за среќа", чиј обожавател е американскиот професор Мартин Селигман од Пенсилванија.

"Рецепт за среќа":

1. Семјте се!
2.
Одберете среќна професија која ве исполнува.
3.
Занимавајте се со добротворна работа или пејте во хор.
4.
Бидете љубезни кон другите.
5.
Вложувајте во вашите пријатели.
6.
Не гледајте премногу телевизија.
7.
Шетајте!

Насмевката предизвикува хемиски реакции во мозокот и ги привлекува другите луѓе. Кога е во прашање пак професијата, истражувањата покажале дека најзадоволни се фризерките, свештениците, куварите, козметичарките, 7-zlatni-pravila-za-srekaводоинсталтерите и автомеханичарите.

Луѓето кои се грижат за другите се посреќни од оние кои се грижат само за себе. Ако сте љубезни кон другите, тие ќе ви возвратат со иста мера, а вложувањето во вашите пријатели е најдрагоцен дар.

Не претерувајте со "дремење" пред ТВ, бидејќи дури и најпопуларните серии предизвикуваат благо чуство на депресија.

Активните луѓе се поскреќни!
Пешачете барем 1 km дневно и јадете јагленихидрати, тестенини и овошје, бидејќи тие го зголемуваат нивото на серотинот - хормонот кој го регулира расположението. Контролирајте ги негативните мисли и опуштете се.

Според др. Мартин, ви треба 21 ден за да менталните вежби создадат "патека" во мозокот која чуството на среќа го претвора во навика, а уште точно 63 дена за се тоа што е научено да функционира беспрекорно.

Утврдено е дека луѓето кои себе си се сметаат за многу среќни, не се ни поубави ни побогати ниту пак поуспешни од повеќето просечни лица.

Она што ги двои од останатите е тоа што тие откриле што ги прави среќни и така го исполнуваат своето секојдневие.

Пораката е едноставна - не можете да седите дома и да чекате среќата да ви тропне на врата! Морате да излезете и да ја побарате!

Би можело да ве интересира:

Што е ПАП тест, што открива и на колку време е препорачано да се прави? Редовните гинеколошки прегледи и правењето ПАП тест се од непроценливо значење з...
Јога вежби со кои ќе ги одморите очите од постојано гледање во екран Денес, кога живееме во дигитална ера, нашите очи честопати се изложени на екрани...
Што ќе се случи ако почнете да спиете без пижами, дури и кога е студено? Се верува дека спиењето без пижами може да ви помогне побрзо да заспиете и да им...
11 рани знаци за деменција (кои може да ви бидат сигнал за црвена тревога) Тешкотии при избирање зборови, летаргија, како и сериозни проблеми со концентрац...
Фиброаденоми (чворови на дојката) - како настануваат и како се лекуваат? Оваа грутка на градите може да порасне и до 10 сантиметри и да предизвика компли...
Што е хемангиом кај бебе – зошто се појавува и дали е опасен? Хемангиомот е мек, издигнат израсток на површината на кожата на бебето. Хеман...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg