Патувајте без мака

patuvajte-bez-maka-povekjeЧувството на вртоглавица и мачнина во тек на возење, или лет со авион повеќе се јавува кај жените отколку кај мажите. Оваа непријатност се случува...

 

...кога мозокот ќе добие различни сигнали во врска со движење и рамнотежа на телото и буквално не ја распознава положбата на телото, што предизвикува силно чувство на дезориентација.

Најчест симптом е силна мачнина, па дури и повраќање.

Чувството за рамнотежа кај луѓето се создава при комплексна реакција на внатрешното уво, очите, рецепторите во кожата, мускулите и зглобовите.

Увото ги регистрира движењата, очите ни даваат информации за насоката и правецот, додека рецепторите покажуваат кои делови од телото се движат, а кои допираат некакво тло, или седиште.

Мозокот ги собира и толкува овие информации, но тие во тек на долги патувања понекогаш не се поклопуваат. patuvajte-bez-maka

Ваквата состојба најчесто ги погодува жените и децата, а едно од решенијата е да земете лекови против мачнина, кои ги блокираат конфузните нервни сигнали, но може да ве направат претерано поспани.

Понекогаш се препорачува на стомакот да се стави весник, да се гледа во далечината, или да се мириса кора од лимон.

Ако патувате со авион, шансите за гадење може да ги намалите доколку се погрижите да седите во најстабилниот дел од авионот, во близина на крилата, или опашот на леталото. Намалете ги своите движења на минимум и не станувајте ако не морате.

Ако можете, држете ги очите затворени колку што можете повеќе, или отспијте, така што ќе ги блокирате визуелните сигнали кои мжат да го збунат мозокот.

Не гледајте во предмети кои се движат, како што се брановите (ако сте на брод), или други возила (ако сте на пат). Фиксирајте го погледот на нешто стабилно.

Носете очила за сонце. Тие ќе ги ублажат визуелните сигнали.

Избегнувајте чај, цигари и алкохол, мрсна и зачинета храна пред патувањето, бидејќи тие го стимулираат делот од мозокот кој го контролира гадењето.

Уште еден добар трик е слушање музика. Немојте да читате, бидејќи со тие дополнителни сигнали ќе го збуните мозокот уште повеќе.

Би можело да ве интересира:

Остеопороза или „тивка болест“: Причини за појава, симптоми и совети за третирање Редовното и правилно вежбање може да ги зајакне коските, а долгото седење и недо...
Намирници што го забрзуваат метаболизмот (и можете да ги најдете во секој маркет) Постојат намирници кои го забрзуваат метаболизмот, што ги прави одлични за оние ...
Симптоми за рак на мочниот меур кои не треба да се игнорираат Крв во урината, како и болка во долниот дел од грбот се симптоми кои можат да би...
Зошто се јавува сезонскиот грип и како можете да се заштитите? Најчестите симптоми на сезонски грип се кашлица, треска и болки во телото. Повеќ...
10-те најчести причини за главоболка Стресот и анксиозноста, но и проблемите со синусите се дел од најчестите причини...
Храна што треба да ја избегнувате ако имате срцеви палпитации, според кардиолог Иако во повеќето случаи срцевите палпитации се безопасни, сепак е препорачливо д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg