Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Најдобри домашни лекови за подуени подочници

Надуените подочници се еден од најчестите утрински проблеми на жените. Косата може да се исчешла, акните може да се покријат со коректор, но подуени кесички под  очите не можат да се скријат ниту со најдобрата пудра.

najdobri-domasni-lekovi-za-podueni-podocnici-01

Затоа, погледнете како да ги спречите подочниците, но и како да ги излечите со помош на домашни состојки.

Ладни краставици

Краставиците одамна се користат како лек за подуени подочници. Сигурно сте виделе дека жените тоа го прават. Краставиците содржат многу антиоксиданси и флавоноиди кои помагаат за црвенилото, отоци и иритација.

Едноставно, исечкајте ја краставицата на тенки кругови, кои ќе ги ставите на очите. Оставете ги да отстојат 30 минути и веднаш ќе се чувствувате посвежо и подмладено.

Свеж компир

Наместо краставица може да користите и свеж изладен компир. Тој подолго останува ладен и содржи соединенија кои може да ви помогнат во отстранувањето на вишокот течности од подочниците.

Компирот можете исто како и краставицата да го исечете на кришки или ставете го во блендер и добиената смеса ставете ја на тенка газа, па направете облоги за уморни очи.

najdobri-domasni-lekovi-za-podueni-podocnici-1

Млеко

Често се користи за оваа намена, а најдобро делува полномасното млеко. Едноставно натопете парче вата во ладно млеко, исцедете го вишокот и ставете ја на очи. Оставете ја да отстои десетина минути и ќе видите дека отоците спаднале.

Зелен или црн чај

Кесичките со чај се уште еден популарен домашен лек против подуените подочници. Црниот и зелениот чај содржат кофеин кој ги смирува крвните садови во кожата околу очите.

Исто така, кесичките со чај ја поттикнуваат циркулацијата. За да го направите овој третман , ставете две кесички чај во топла вода и оставете ги да отстојат неколку минути. После тоа извадете ги кесичките и оставете ги да се изладат.

Ладните кесички ставете ги на очите и оставете ги да делуваат околу 15 минути. Правете го ова двапати неделно и ќе видите како кожата околу очите ќе почне да ви се затегнува.

najdobri-domasni-lekovi-za-podueni-podocnici-2

Камилица

Камилицата не содржи кофеин, но затоа е позната по своите антибактериски и антиинфламаторни својства. Се користи за лечење на многу болки, но и за подочниците е одлична, бидејќи го намалува црвенилото и ги одмора очите.

Белка од јајце

Одвојте ја белката од жолчката и изматете ја добро додека не стане цврста и пенеста. Најдобро е тоа да го направите со миксер. Таквата смеса нанесете ја со прсти на подочниците и оставете ја да делува околу 15 минути. Додека белката се суши, ќе почувствувате како кожата ви се затегнува.

najdobri-domasni-lekovi-za-podueni-podocnici-3

Би можело да ве интересира:

Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Атопичен дерматит кај бебиња - зошто се јавува и како се лекува? Бебето е нервозно, плачливо, постојано се чеша и не спие навечер. Атопичниот дер...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Јога вежби со кои ќе ги одморите очите од постојано гледање во екран Денес, кога живееме во дигитална ера, нашите очи честопати се изложени на екрани...
9 можни причини зошто очите ви се иритирани и ве чешаат Покрај сезонските алергии, и некои лекови можат да предизвикаат сувост и чешање ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg