|
Денот по утрото се познава, или барем така вели поговорката. Но на повеќето луѓе, првите 30 минути од ѕвонењето на часовникот, им преставува...
...најтежок дел од денот. Американските научници уверуваат дека тоа е најнормална појава, за која го користат изразот „sleep-drunkness“ односно опиени од сонот.
Периодот помеѓу сонот и будењето трае од 5 до 15 минути. Еве неколку корисни чекори како безболно и во добро расположение да зачекорите во новиот ден.
Тајната е во психолошкиот став. Наутро, треба да си ја повторувате реченицата „Ова ќе биде прекрасен ден“.
Потсвесно тоа ќе ви помогне работите да ги согледате од нова поинаква перспектива, со многу надеж и оптимизам.
Додека сте уште во постелата, почнете да зевате и протегнете го своето тело во сите насоки.
Зевањето е почеток на денот, природен гест кој е својствен и на животните.
После неколкуминутното зевање, идеално би било да се напиете две чаши вода заради утринско чистење на организмот и една лажица мед која ќе ви даде енергија за работниот ден.
Отворето го прозорот во својата соба, и вдишете длабоко од свежиот воздух неколку пати. На овој начин природно ќе го прочистите филтерот на вашни патишта.
На крајот од овој ритуал, следува уживањето за вашето тело и дух, односно утринското туширање.
CRNOBELO.com има уште многу интересни содржини: Најбизарни алергии...Алергијата претставува преосетливост на одредени супстанци кои за повеќето луѓе се безопасни. Најчести алергии се оние на полен, прашина и...
... Храна за мозокот...Било да ви престои состанок на кој треба да донесете важни одлуки или се подготвувате за испит, потрудете се со вистински избор на храна...
... Време е за велосипед!...Кога ќе се потзатопли времево, а најмногу инспирирани од гужвата во јавниот превоз, желбата за подобра линија и подобра кондиција...
...
 |
ne se soglasuvam treba da spiete kolku vi se spie............