Ве интересира дали е момче или девојче? 6 начини да го предвидите полот на бебето

Нема трудница која не слушнала барем една од многуте бабини приказни и теории за тоа дали носи момче или девојче. Сепак, нормално е секоја идна мајка да се интересира за оваа тема.

ve-interesira-dali-e-momce-ili-devojce-6-nacini-da-go-predvidite-polot-na-bebeto-01

За да не се залажувате со сомнителни претпоставки, а сè уште не се гледа полот на бебето, постојат 6 објективни показатели кои ќе ви го откријат полот пред време.

1. Колку години имате?

Доколку сте бремени, а имате повеќе од 35 години, шансите за девојче ви се многу пати поголеми.

Телото на мажите пак постари од 40 години произведува помалку сперматозоиди заслужни за раѓање на машки деца.

Исто така, пореткиот сексуален однос во овој период од животот може да доведе до оплодување во средината на плодните денови, кога по правило се зачнува девојче.

2. Дали живеете со партнерот?

Едно истражување во кое учествувале 86.000 родители покажало дека паровите кои живеат заедно најчесто добиваат момчиња.

Не е научно издржано, само така се докажало во праксата, така што ова тврдење не го земајте здраво за готово.

3. Чувствувате мачнина?

Ако чувствувате мачнина подолго од вообичаеното, можно е да бидете мајка на девојче.

Утврдено е дека 55% од мајките кои се жалеле на мачнини во текот на бременоста родиле бебиња со женски пол.

Стручните лица потврдуваат дека чувството на мачнина и гадење е предизвикано од повисокото ниво на естроген во крвта.

ve-interesira-dali-e-momce-ili-devojce-6-nacini-da-go-predvidite-polot-na-bebeto-02

4. Живеете заедно помалку од 1 година?

Ако врската е свежа и возбудлива, поголема е веројатноста за чест секс.

Честите сексуални односи влијаат на сперматозоидите, односно ја прават полесна и послаба, поради што поголеми се шансите за зачнување на момче.

5. Го зачнавте бебето во зима?

Во некои земји, повеќе од девојчињата се зачнати токму во студените месеци, додека момчињата почесто се „направени“ во лето.

Сперматозоидите кои создаваат момчиња се послаби во текот на летото, заради што зимските мајки почесто добиваат девојчиња.

6. Дали сте под стрес?

Статистиката покажала дека момчиња се раѓаат за време на постресните периоди во животот.

Науката овој феномен го објасни со зголемувањето на нивото на тестостерон и кортизол за време на долготрајниот стрес, поради што е речиси невозможно да се зачне девојче.

Би можело да ве интересира:

40 најиритантни коментари за новите родители (кои веројатно ви ги кажувале и вам) „Пред да се свестиш, веќе ќе тргне во средно училиште“, „Не заборавај да му прав...
„Ти си доволна“ – 30 работи што мајката треба да ѝ ги каже на својата ќерка „Никогаш не оди сама по улица ноќе“, „Твое тело – твои правила“, „Вљуби се силно...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Колку вода треба да пиете додека доите за да спречите дехидрирање? Колку вода треба да пиеме додека доиме? Дали сме испиле премногу или премалку те...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg