Необични начини за брзо да се ослободите стресот

Кога луѓето се бесни, нервозни и под стрес, обично бараат начин да го исфрлат бесот од себе, наместо да се обидат да се опуштат и смират. Викањето и кршењето на работите нема да ви помогне да се смирите, но некои други тактики може да ви бидат од корист.

neobicni-nacini-za-brzo-da-se-oslobodite-stresot-01

Пуштете сè да отиде со водата

Кога и да сте напнати поради нешто, застанете покрај чешмата во бањата, пуштете вода и помислете „нека отиде сè со водата“ или „сè е така како што мора да биде“. Концентрирајте се на водата, почувствувајте го нејзиниот тек и потсетете се за сè она што се грижите и поминува како вода.

Уживајте дувајќи се со фен

Направете нешто лудо кога сте напнати. Земете го фенот, замижете, длабоко вдишете и препуштете се на прекрасното чувство кога ветрот ви ја развејува косата, не размислувајќи за ништо друго. Ќе се чувствувате како сите грижи да сте ги издувале со фенот.

Уживајте во храната

Секој ден подгответе си нешто што сакате да јадете или ако имате можност, нарачајте си. Кога ќе седнете на маса, тргнете ги сите работи кои може да ви пречат. Сè може да почека и ништо нема да се случи додека вие уживате во јадењето. Концентрирајте се на сетилото на вкусот и јадете на мир.

Удавете го бесот

Кога сте вознемирени и пред плачење, дојдете до најблиската чешма и измијте се со ладна вода. Ако е можно намокрете пешкир и држете го мокар на вратот или на челото додека не се смирите.

neobicni-nacini-za-brzo-da-se-oslobodite-stresot-1

Истресете сè

Кога после тежок ден ќе се вратите дома и ќе се соочите со некоја стресна ситуација, пред да влезете, истресете го телото како да тресете вода од себе. Протресете ја едната, па другата нога, едната, па другата рака и нежно протресете ја главата. Опуштете ги рамената. Накривете го телото на едната, па на другата страна, вдишете длабоко и потоа влезете дома.

Патувајте низ времето

Кога ви е тешко да се соочите со нешто од сегашноста, затворете ги очите, вдишете длабоко и прашајте се: „Дали ова ќе ми биде важно и после една година? За пет или педесет години?“ Префрлете се во иднината и обидете се да увидите како сегашната ситуација ќе ви изгледа од таа перспектива.

Слушајте ги ноќните звуци

Навечер кога не можете да заспиете, затворете ги очите и слушајте ги звуците околу себе. Како што слушате одреден звук, именувајте го: кучешко лаење, прелетување на авиони, кашлање, свиркање итн. Слушајте внимателно. Го слушате ли сопственото дишење? Чукањето на срцето? Бројте ги вдишувањата и брзо ќе заспиете, а ќе бидете и посмирени.

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...
5 проблеми со здравјето кои можат да ви го уништуваат летниот одмор + превенција за нив Сончаницата и забоболката се едни од најчестите проблеми со здравјето кои можат ...
Што ќе се случи ако почнете да спиете без пижами, дури и кога е студено? Се верува дека спиењето без пижами може да ви помогне побрзо да заспиете и да им...
Вие прашувате, психолог одговара: „Немам желба да правам ништо, дали страдам од депресија?“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg