Мобилни апликации за сите вегетаријанци

Станувањето на вегетаријанец е драстична животна промена и пред да се одлучите секогаш треба да бидете добро информирани и подготвени.

aplikacii-koi-kje-im-bidat-od-korist-na-vegetarijancite-1

Ако веќе сте решиле или сте го започнале овој начин на живот, вреди да си помогнете со неколку апликации за вашиот телефон.

1. „Is it vegan?”

Оваа апликација ќе им користи на оние кои сакаат да ја исфрлат храната со животинско потекло. Се што треба да направите е да го скенирате бар кодот од одредениот продукт и ќе видите дали е погодна за вегани и вегетаријанци. Откога ќе скенирате добивате листа на состојки од кои е направен одредениот продукт. Оваа апликација е најкорисната и најупотребуваната помеѓу вегетаријанците во моментов.

2. „21 Day Vegan Kickstart”

Оваа апликација ви дава информации на кој начин да го подобрите здравјето преку разни рецепти за храна која треба да ја консумирате. Со помош на оваа апликација полесно ќе го организирате вашиот оброк и без многу мислење ќе имате рецепт за вкусна храна. Лесна е за употреба, но и ви дава дополнителна мотивација.

3. „Vegan Xpress”

Во оваа апликација ќе пронајдете многу ресторани кои во своето мени имаат храна за вегетаријанците. Често можете да најдете и информации за чоколада, грицки, алкохол кој е погоден за вашата диета.

mobilni-aplikacii-za-site-vegetarijanci-1

4. „Vegan Cupcakes”

Во оваа апликација ќе сретнете над 75 рецепти за колачиња кои можете да ги направите самите. Изберете помеѓу оние класичните или креативните и ќе добиете одлично вегетаријанско засладување.

5. „Cruelty-free”

Нема веќе да се двоумите пред да купувате козметички производи, бидејќи во оваа апликација има листа од сите компании кои не вршат испитувања врз животните. Така ќе знаете кои продукти можете да ги купувате и истовремено ќе бидете сигурни дека тестирањата на истите не вклучувале животни.

6. „Gardein recepies”

Во оваа апликација ќе пронајдете рецепти, секако без месо, кои ќе ви бидат за секојдневна употреба. Кој вели дека вегетаријанците не можат да бидат дел од скарата? Погледнете кои се растенија од вашата градина можете да ги подготвите на скара и да добиете вкусен и сочен оброк.

Би можело да ве интересира:

Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...
Кои се најчестите симптоми на алергија на храна и кога можат да бидат опасни по живот? Алергијата на храна кај повеќето луѓе предизвикува благи симптоми, како чувство ...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Грчеви, висок притисок - Што се случува со телото ако претераме со одредена храна? Морковите се богати со бета-каротен, портокалов пигмент кој подоцна се претвора ...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg