5-минутни активности кои веднаш ќе ви го подобрат здравјето

„Пиј чај”,„Јади супа”, „Стопли ги бубрезите”... Да, тоа се навистина добри совети до кои треба да се придружувате кога е во прашање здравјето, но постојат и едноставни активности за кои се потребни само 5 минути за секогаш да се чувствувате добро и пријатно.

12-petminutni-aktivnosti-koi-kje-vi-go-podorat-zdravjeto-1

Има денови кога не можеме да си дозволиме да останеме дома за да лекуваме и одмараме, а најмалку што ни треба е да се разболиме. Затоа ни е потребно нешто што бргу ќе ни помогне да се чувствуваме добро, физички и психички.

1. Направете пауза. Менталното здравје влијае врз физичкото здравје. Така на пример, стресот кој се јавува влијае врз вашиот сон и кожа, па затоа е потребно да одвоите 5 минути за себе и да ги контролирате реакциите при стресот. Опуштете се и одморете ги мислите, ќе се чувствувате подобро и олеснето.

2. Вдишете длабоко 20 пати. Штом ќе се разбудите наутро вдишете длабоко 10 пати, а потоа навечер пред да заспиете направете уште 10 длабоки вдишувања. На овој начин, ќе ја подобрите функцијата на белите дробови, ќе ги исфрлите токсините и ќе го намалите нивото на стрес.

3. Трчајте. Истражувањата покажале дека луѓето кои трчаат само 5 минути дневно во просек живеат подолго од луѓето кои воопшто не трчаат.

12-petminutni-aktivnosti-koi-kje-vi-go-podorat-zdravjeto-2

4. Пешачете. Трчањето е исто толку корисно како и умереното одење пеш, се додека трошите еднаква количина на енергија во тој процес. Идеално би било секој ден да направите 10.000 чекори.

5. Мијте ги рацете. Еден од најстарите начини за одржување на здравјето на оптимално ниво е токму редовното миење на рацете со сапун и вода.

6. Проверувајте ја храната што ја купувате. Избегнувајте намирници кои не се добри за вашето здравје. Производите кои ги купувате не треба да содржат масти или пак задржете се на помалку од 4 грама таква храна во рок од еден час. Истото важи и за шеќерот.

7. Задолжително проверувајте го рокот на храната. Не се потпирајте на сигурноста, туку секогаш гледајте го рокот на траење на производите кои ги консумирате. 

8. Чистете ја тастатурата. Истражувањата покажале дека тастатурите од компјутерите содржат повеќе бактерии од тоалетот. Секое утро чистете ја тастаурата.

9. Станете. Ако вашето работно место се состои од долго седење, тогаш на секој час станете и стојте 2 - 3 минути.

12-petminutni-aktivnosti-koi-kje-vi-go-podorat-zdravjeto-4

10. Нанесете крема со заштитен фактор. Ракот на кожата е најчестиот облик на рак. Како најдобра превенција од оваа болест е редовното нанесување на крема со заштитен фактор. Со помош на оваа крема, не само што ќе се заштитите од штетните сончеви зраци, туку вашата кожа ќе биде повеќе затегната и ќе го забавите процесот на стареење и појавата на брчки.

11. Прегрнете некој. Физичката блискост со личноста која ви е драга и која ја сакате го ослободува хормонот окситоцин, кој ве смирува. Истражувањата покажале дека кај жените доведуваат до смалување на пулсот и намален висок крвен притисок кога се прегрнуваат или држат за рака со партнерот. Исто така, окситоцин се ослободува и кога ќе стапите во контакт со блиски пријатели или со роднини. 

12-petminutni-aktivnosti-koi-kje-vi-go-podorat-zdravjeto-3

Би можело да ве интересира:

4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...
Ги открива воспаленијата во телото, помага за спречување на срцев удар - Што означува CRP во крвната... Нивото на CRP може да укаже дали имате инфекција во телото, а кај повозрасните л...
Псоријаза на темето на главата - Како да го намалите чешањето и како се лекува? Главата постојано ве чеша, имате проблеми со првут, а забележувате и црвени дамк...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg