Момци, еве зошто секое утро имате ерекција

Утринската ерекција е спонтана и се случува во сон или за време на будењето. Сите момци кои немаат еректилна дисфункција, имаат чест да им се случи неколку пати во текот на сонот.

momci-eve-zosto-sekoe-utro-imate-erekcija-01

Оваа активност почнува уште во мајчината утроба и продолжува во текот на целиот живот. Ако е за утеха, ова не им се случува само на мажите, туку и жените доживуваат клиторална ерекција и вагинални контракции додека спијат.

Иако постојат неколку теории кои се обидуваат да го објаснат овој феномен, неговиот главен причинител и понатаму е непознат.

Утринската ерекција, како и клиторалната се поврзани со РЕМ фазата во сонот.

Една од идеите е дека во текот на оваа фаза неврони кои ослободуваат норадреналин се исклучуваат. Се смета дека овие ќелии се поврзани со половиот орган и дека редукцијата на нивната активност за време на РЕМ фазата доведува до лачење на тестестерон, што доведува до ерекција.

Исто така, постои теорија дека овој феномен го предизвикува натриумоксидот,соединение кое ослободува клетки сместени во ѕидовите со крвни садови, а тоа подоцна со помош на дифузија стигнува до нежните мускули и ги опушта. Ова предизвикува ширење на крвните садови, што го зголемува дотокот на крв во пенисот и така доаѓа до ерекција.

momci-eve-zosto-sekoe-utro-imate-erekcija-1

Се смета дека зголемената активност на некои делови од мозокот поттикнуваат цела низа на случувања кои неминовно доведуваат до тоа нервните влакна да иницираат лачење на натриумоксидот. Овој процес исто така ги регулира хормоните како што е тестестеронот.

Поради ерекцијата, ерективното ткиво се шири и на тој начин се снабдува со кислород. Оксигенизацијата спречува фиброза каверна, која е непосакувана состојба што со текот на времето доведува до еректилна дисфункција.

Уште една интересна теорија покажува дека целото случување е за тоа мажите да не мократ во креветот навечер.

Затоа, момци, треба да бидете среќни што пенисот го одржува вашето здравје и ви помага во многу незгодни ситуации.

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Тешкотии при дишење и 'рчење може да се знак за ноќна апнеа: Како да ја препознаете - симптоми и нач... 'Рчење, немирно спиење и често будење, зачестено мокрење во текот на ноќта, замо...
Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...
Најчестите причини за еректилна дисфункција, според експерти Еректилната дисфункција е честа појава која може да биде предизвикана од разни ф...
5 проблеми со здравјето кои можат да ви го уништуваат летниот одмор + превенција за нив Сончаницата и забоболката се едни од најчестите проблеми со здравјето кои можат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg