Намирници заради кои имате неподнослива мигрена

Ако често ви се случува да имате силни главоболки или мигрени, тогаш причината за тоа побарајте ја во вашата кујна.

namirnici-zaradi-koi-imate-migrena-mlecna-cokolada-konzervirana-hrana-01.jpeg

Болката која се појавува ненадејно може да биде како резултат на јаки мириси, или заради претерана изложеност на светлина.

Но, постојат и намирници кои внимателно треба да ги консумирате, односно повремено:

1. Сирење

Тираминот е аминокиселина која е поврзана со предизвикувањето на мигрената и силните главоболки. Тираминот е составен дел од ферментираните сирења, па секако треба да го ограничите консумирањето на овој производ.


2. Млечна чоколада

Најголем причинител за мигрената е консумирање на млечна чоколада. Иако какаото ги штити мозочните клетки, сепак во преработен облик може во истиот предел да предизвика болка.


3. Ладна храна

Голема е шансата да добиете главоболка ако топло тело, на пример после вежбање, го шокирате со ладни пијалаци или сладолед. Ќе почувствувате моментална болка во челото која ќе потрае од 25 до 60 секунди.


4. Салами и конзервирана храна

Виршлите, колбасите и саламите содржат нитрати кои се сметаат за предизвикувачи на појава на мигрена. Нитрати се состојки за конзервирана храна, кои го подобруваат вкусот на храната и ја продолжуваат нејзината свежина.


5. Прехранбени адитиви

Сулфатите кои се додаваат во процесот на индустриското сушење на овошјето како кај смоквите, сливите, праските, се чест извор на главоболки. Ако сте склони на чести болки, тогаш внимателно читајте ги декларациите и избегнувајте прехранбени адитиви. 

Би можело да ве интересира:

10 промени на вашите стапала што можеби укажуваат на здравствен проблем Додека студените стапала можат да бидат знак за слаба циркулација, отечените ста...
Кои се најчестите симптоми на алергија на храна и кога можат да бидат опасни по живот? Алергијата на храна кај повеќето луѓе предизвикува благи симптоми, како чувство ...
Грчеви, висок притисок - Што се случува со телото ако претераме со одредена храна? Морковите се богати со бета-каротен, портокалов пигмент кој подоцна се претвора ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg