Како на време да ја препознаете анорексијата?

Анорексијата претставува нарушување во исхраната кај кое доминира стравот од храна и дебелеењето, а наглото губење килограми е знак за тревога...

kako-na-vreme-da-ja-prepoznaeete-anoreksijata-1

Лекувањето на анорексијата е процес кој се лекува долго и тешко, па затоа треба да ги познавате нејзините симптоми за на време да си помогнете себе и на вашите најблиски:

1. Избегнување храна

Болеста започнува со избегнување на храна богата со јаглени хидрати. Некои луѓе ги намалуваат оброците, а други јадат ниско калорична храна како јаболко, моркови, целер и слично.


2. Промени во однесување

Личноста која пати од анорексија обично не седнува на маса за време на јадењето со останатите, туку ја зема својата храна и се затвора во соба.


3. Процес гладување

Како што болеста напредува, се појавува процесот на гладување, кој обично се состои од некои невообичаени навики во исхраната како на пример: често џвакање на гуми за џвакање, долго задржување на храната во уста, зголемена употреба на кафе или чај.


4. Психички промени

Овие личности постепено стануваат сѐ повеќе преокупирани со броење на калории, читање статии за познати манекенки или естрадни ѕвезди кои се премногу слаби, поради што наоѓаат оправдување за повторно да ја избегуваат храната. 

Би можело да ве интересира:

Грчеви, висок притисок - Што се случува со телото ако претераме со одредена храна? Морковите се богати со бета-каротен, портокалов пигмент кој подоцна се претвора ...
Кои се најчестите симптоми на алергија на храна и кога можат да бидат опасни по живот? Алергијата на храна кај повеќето луѓе предизвикува благи симптоми, како чувство ...
Кои се симптомите на конго-кримската хеморагична треска и во кои држави, покрај Македонија, е присут... Периодов во Македонија се забележани три случаи на конго-кримска хеморагична тре...
Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...
Влакненца на брадата кај жените: Зошто се појавуваат и како да ги отстраните? Хормонална промена, генетика, полицистични јајници, дијабетес се само дел од при...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg