Зошто нашите очи се движат кога спиеме?

Според податоците на Националниот институт на невролошки пореметувања, додека спиеме минуваме низ 4 фази на сонот, вклучувајќи ја и РЕМ, која доаѓа на крај.

Novata-studija-ima-odgovor-Zoshto-nashite-ochi-se-dvizhat-koga-spieme-01.jpg

Првата фаза е лесен сон – Кога сте вон свест, но лесно можете да се разбудите. Во текот на оваа фаза, може да ги визуализирате фрагментираните слики, се чувствувате како да паѓате, ја губите претставата за вашето опкружување, па дури ја губите и мускулната активност.

Втората фаза е кога движењата на очите престанува и вашите мозочни бранови се побавни.

Следи третата фаза, позната како длабок сон. Во оваа фаза вашето тело е најопуштено, но ова е фазата во која што може да се случи месечарење.

Последната фаза е РЕМ фазата кога вашето тело порачува: „Добра ноќ“. Во оваа фаза вашите мускули стануваат парализирани, отчукувањето на срцето и телесната температура стануваат нерегулирани, имате живописни сништа и очите се движат.

Невролозите внимателно ги следеле активностите на 19 пациенти додека спијат и додека се будни во текот на 2 недели, користејќи електроди прицврстени на нивните мозоци. Тоа што го откриле е дека некои делови од мозокот се поврзани со визуелната перцепција и чувството за светло многу брзо откако пациентот ќе се префрли во РЕМ фазата.

Нивниот заклучок е дека мора да постои врска помеѓу движењето на очите и гледањето на сонот. 

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Тешкотии при дишење и 'рчење може да се знак за ноќна апнеа: Како да ја препознаете - симптоми и нач... 'Рчење, немирно спиење и често будење, зачестено мокрење во текот на ноќта, замо...
Јога вежби со кои ќе ги одморите очите од постојано гледање во екран Денес, кога живееме во дигитална ера, нашите очи честопати се изложени на екрани...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg