Здрави и вкусни оброци кои ќе ви помогнат да ги изгубите вишокот килограми

Доколку конечно се решивте да симнете некој вишок килограм, овие оброци ќе бидат одличен начин, без мачење да стигнете до посакуваната цел. 

zdravi-i-vkusni-obroci-koi-ke-vi-pomognat-da-izgubite-tezina-001.jpg

Ќе консумирате вкусна храна, а ќе ги изгубите килограмите на природен и здрав начин, без да гладувате.

Ви предлагаме неколку закуски кои ќе доведат до балансирање на хранливите материи и одржување на калориите на нормално ниво.

1. Банана и путер од кикирики

Намачкајте една лажица путер од кикирики на една банана. Јаглехидратите ќе ве одржат сити и енергични, додека протеините ќе ја задржат таа енергија со часови. Британско истражување во 2013-та година, докажа дека доколку го консумирате овој вид путер како прв оброк, ќе ви помогне да го намалите апетиот во текот на денот.

zdravi-i-vkusni-obroci-koi-ke-vi-pomognat-da-oslabete-8

2. Зрна од соја

Сојата е најдобар природен извор на билни протеини. Изобилува со витамини, минерали и лецитин, кои го регулираат холестеролот во крвта и делуваат врз метаболизмот. Во соините зрна има 61% протеини, 36% јаглехидрати и само 6% масти.

zdravi-i-vkusni-obroci-koi-ke-vi-pomognat-da-oslabete-2

3. Крем јогурт со малини и мед

Оваа комбинација на растителни влакна, здрави масти и протеин е сигурен начин за квалитетно ослободување од вишокот килограми. Витаминот Ц кој се наоѓа во малините, го зајакнува капацитетот на телото да согорува калории.

zdravi-i-vkusni-obroci-koi-ke-vi-pomognat-da-gi-izgubite-vishokot-kilogrami-2-3.jpg

4. Грозје и ореви

Овој енергетски микс е богат со минерали и здрави масти, кои брзо ќе ве заситат. Се користи и како природен лек за чистење на крвта, за регулирање на варењето на храната, за отстранување на масните наслаги од телото и за лекување на воспалителни процеси на органите за варење.

zdravi-i-vkusni-obroci-koi-ke-vi-pomognat-da-oslabete-4 copy

5. Грашок

Една чашка свеж грашок задоволува 50% од вашата дневна потреба од растителни влакна и протеини. Препорачлив е во секоја диета, а причината за ова лежи во фактот дека грашокот создава чувство на ситост. Исто така, експертите се убедени дека помага да се намали „лошиот” холестерол.

zdravi-i-vkusni-obroci-koi-ke-vi-pomognat-da-oslabete-5 copy

6. Овес и боровница

Овесот иако најчесто се консумира како прв оброк, добро е да се консумира и во текот на денот. Поради тоа што е полн со растителни влакна, го регулира шеќерот во крвта и ја намалува желбата за дополнителен шеќер. Боровинките го прават вкусот уште посладок, а Ц витаминот кој го содржат ги разградува вишокот масти.

zdravi-i-vkusni-obroci-koi-ke-vi-pomognat-da-oslabete-6 copy

И. И. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
Влакненца на брадата кај жените: Зошто се појавуваат и како да ги отстраните? Хормонална промена, генетика, полицистични јајници, дијабетес се само дел од при...
Влакна на стомакот кај жените: Како да ги отстраните и зошто се појавуваат? Генетика, возраст, но и хормонални промени од разни нарушувања или фази од живот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg