8 извонредни факти за соновите

8-fakti-za-sonovite-povekjeСите некогаш сме сонувале нешто што потоа сме го заборавиле или пак сме сонувале работи кои немаат никаква логичка поврзаност.Клик на повеќе за интересните...

 

...факти за соновите!

8. Слепите луѓе сонуваат

Луѓето кои ослепеле по раѓањето можат да гледаат слики во нивните соништа. Луѓето кои се родени слепи не гледаат слики, но ги доживуваат своите соништа многу живописно вклучувајќи ги и сетилата за звук, мирис и допир.

7. Ги заборавате 90% од своите соништа
5 минути од моментот кога ќе се разбудите заборавате пола од вашиот сон, додека пак по 10 минути заборавате 90% 8-fakti-za-sonoviteод сонот.

6. Сите сонуваме
Секој човек сонува, но разликата е во тоа што мажите и жените имаат различни сонови и различна реакција на истите. Изненадувачки, но мажите сонуваат повеќе за други мажи, додека пак жените сонуваат подеднакво за мажите и жените. Што е најинтересно, и мажите и жените доживуваат физичка реакција на нивните сонови независно од тоа дали сонот е сексуален.

5. Соновите спречуваат психоза
Според една студија, студентите кои биле разбудени на почеток на секој нивен сон, а потоа продолжиле со нивниот 8 часовен сон, сите се соочиле со потешкотии со концентрација, иритација, халуцинации и знаци на психоза по само 3 дена.

4. Сонуваме исклучиво за работи кои ги знаеме
Нашите соништа се полни со непознати лица кои прават најразлични работи. Но, дали сте знаеле дека вашиот мозок не ги измислува тие лица, туку дека тие се вистински луѓе кои сте ги сретнале некогаш и некаде во животот, а на нив не се сеќавате?

3. Не сите сонуваат во боја
Цели 12% од луѓето сонуваат во црно бело, додека пак останатите во боја.

2. Соновите не значат тоа што се
Ако сонувате за нешто конкретно, најчесто сонот и не се однесува на тоа. Соновите зборуваат на еден многу длабок “јазик со симболи”. Несвесниот мозок се обидува да го спореди вашиот сон со нешто друго што е слично.

1. Додека спиете сте парализирани
Верувале или не, вашето тело е виртуелно парализирано додека спиете. Ова најверојатно се случува како не би се однесувале и движеле како што сонувате.

 

Би можело да ве интересира:

3 вида пијалаци кои е најдобро да ги избегнувате по вежбање Газираните пијалаци можат да ве дехидрираат ако ги пиете во големи количини. Ист...
Како се пренесува, кои се симптомите и дали има лек? Сè што треба да знаете за сифилис Сифилисот е честа сексуално пренослива болест која може да се излечи со кратка т...
Аневризма на мозокот - како да ја препознаете и кои се последиците ако пукне? Премногу силна главоболка е првиот знак за аневрзима на мозокот. На пациент со п...
„40 дена пиев само сок од портокал и не јадев ништо - се чувствувам многу поздраво“ Жена од Австралија која 40 дена не консумирала ништо освен сок од портокал, вели...
Синдром на нервозни црева: Зошто се јавува и можат ли да се контролираат непријатните симптоми? Подуеноста, дијарејата и констипацијата се најчестите симптоми на таканаречениот...
Жени кои на 30 години дознале дека имаат АДХД ги откриваат симптомите: „Зборување без престан, тешко... „Отсекогаш се чувствував поразлично од другите, секогаш се чувствував како чудак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg