Што да јадете пред спиење?

sto-moze-da-jadete-pred-spienje-povekjeВеројатно често пати ви се случува навечер да огладните, па знаете да избрзате и да се најадете. Ова влијае освен на вашата линија, и на сонот вечерта.


Не е секоја храна погодна за консумација пред спиење – полноќната закуска треба да биде нискокалорична.

За време на спиењето вашето тело не користи толку енергија како кога е будно, па од таа причина вишокот храна се сместува во масни наслаги.

Што е најдобро да каснете ако веќе сте навистина гладни пред спиење, а да имате мирен сон и витка линија:

1. Туна. Богата со протеини, а е нискокалорична и со мал процент на шеќер. Туната е совршена полноќна закуска.

sto-moze-da-jadete-pred-spienje-1

2.  Свежо сирење. Содржи протеин – касеин кој се вари побавно и го снабдува телото со доволно енергија додека спиете.

sto-moze-da-jadete-pred-spienje-2

3. Мисиркино месо. Ако ви се јаде месо, мисирката е препорачлива затоа што содржи амино киселина – триптохан која го забавува процесот на варење на храната.

sto-moze-da-jadete-pred-spienje-3

4. Мед. Ви се јаде благо? Допуштете си шоља чај со мед. Овој сладок пчелин производ ја содржи хемикалијата орексин која им помага на мозочните клетки да се опуштат и да се подготват за спиење.

sto-moze-da-jadete-pred-spienje-4

5. Зелена салата. Пред спиење подгответе си марула. Таа содржи лактуцин – супстанца која помага при опуштање и придонесува за мирен и лесен сон.

sto-moze-da-jadete-pred-spienje-5

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Кои се симптомите на конго-кримската хеморагична треска и во кои држави, покрај Македонија, е присут... Периодов во Македонија се забележани три случаи на конго-кримска хеморагична тре...
Симптоми за рак на мочниот меур кои не треба да се игнорираат Крв во урината, како и болка во долниот дел од грбот се симптоми кои можат да би...
„8 месеци пиев јаболков оцет наутро – Како тоа ми помогна со синдромот за полицистични јајчници?“ „Се чувствував како да имам многу повеќе енергија, немав проблеми со подуеност, ...
Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...
Проблеми со здравјето кои некогаш го отежнуваат слабеењето Синдромот на полицистични јајници, како и хроничниот стрес можат да бидат причин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg