Растение кое ќе ви го исчисти телото од глава до пети - како се користи?

Ова растение ја подобрува крвната слика, го чисти организмот, а добро се покажува и при лекување на гихт и егзема. Го ублажува и ревматизмот, го лекува црниот дроб и го помага лачењето на жолчката.

rastenie-koi-ke-vi-go-iscisti-teloto-od-glava-do-peti-no-kako-se-koristi-01.jpg

Станува збор за глуварче.

Содржи горчливи материи (тараксацин) и танини, а коренот е богат со инулин. Полн е и со калиумови соли.

Меѓу лековитите материи содржи и холин, како и малку етерично масло. Свежите листови од глуварче содржат витамини А, Б и Ц и железо.

Горчливите материи го стимулираат дигестивниот тракт – тараксацинот го зголемува лачењето на гастричните жлезди и го подобрува апетитот.

Лековитите материи од глуварчето ги зајакнуваат и цревата, што влијае и на функционирањето на црниот дроб и жолчката, а помага и при констипација.

Глуварчето е диуретик, лекува инфекции на бубрезите и мочниот меур, а погодно е и за луѓе со песок и камења во бубрезите.

Глуварчето ги зајакнува слезината и панкреасот, а тоа се манифестира со регулирање на нивото на шеќер во крвта, како и регулирање на телесните масти, холестеролот и триглицеридите.

Rastenie-koe-ke-vi-go-iscisti-teloto-od-glava-do-peti-2.jpg

Како правилно се користи?

Глуварчето смее да се јаде, па така можете да го консумирате како салата, со кисели краставички, супи, чорби, но и како замена за кафе.

Многу ефикасен е и чајот од глуварче, кој лесно и брзо можете да го направите дома. Две лажички суви лисја од глуварче прелијте ги со чаша врела вода и покријте. По 20 минути се цеди и се пие додека е топло.

Ако чајот е направен од корен од глуварче, тогаш две кафени лажички сечкан корен се ставаат во ладна вода, се загреваат и се тргаат од оган откако ќе зоврие две минути.

Десет минути подоцна, чајот се прецедува и се пие. Пожелно е да пиете 2-3 чаши на ден за резултати.

Rastenie-koe-ke-vi-go-iscisti-teloto-od-glava-do-peti-01.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тешкотии при дишење и 'рчење може да се знак за ноќна апнеа: Како да ја препознаете - симптоми и нач... 'Рчење, немирно спиење и често будење, зачестено мокрење во текот на ноќта, замо...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
Псоријаза на темето на главата - Како да го намалите чешањето и како се лекува? Главата постојано ве чеша, имате проблеми со првут, а забележувате и црвени дамк...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
Атопичен дерматит кај бебиња - зошто се јавува и како се лекува? Бебето е нервозно, плачливо, постојано се чеша и не спие навечер. Атопичниот дер...
Јога вежби со кои ќе ги одморите очите од постојано гледање во екран Денес, кога живееме во дигитална ера, нашите очи честопати се изложени на екрани...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg