Трикови за чистење со продукти што сигурно ги имате дома

Можете да искористите мешавина од бел оцет и сода бикарбона за бигорот во тоалетната школка, но и за да ја исчистите рерната. Што друго можете да исчистите со слични продукти што веќе ги имате дома?

trikovi-za-chistenje-so-produkti-shto-sigurno-gi-imate-doma-01.jpg

Денес постојат продукти за чистење сè и сешто, но ако избегнувате силни хемикалии или во моментот немате нешто при рака, можете да употребите и продукти што веќе ги имате дома, како оцет или сода бикарбона.

Трикови за чистење со продукти што ги имате дома:

Исчистете го тепихот со сода бикарбона или нишесте

Сода бикарбоната и нишестето (пченкарен скроб) ги впиваат непријатните мириси и влагата, а можат да бидат ефикасни и против некои дамки.

Ставете тенок слој сода бикарбона или нишесте на тепихот, оставете да отстои околу половина час, па сметете го тепихот со правосмукалка.

trikovi-za-chistenje-so-produkti-shto-sigurno-gi-imate-doma-02.jpg

Отстранете восок од свеќа со пегла

Ако ви се истури восок на тепихот или на друга ткаенина, можете да го отстраните со пегла за облека.

Врз восокот ставете крпа, па врз крпата поминете со пеглата.

Од топлината, восокот ќе се залепи за крпата и ќе се отстрани од тепихот или ткаенината.

За овој трик користете стара крпа или ткаенина бидејќи потоа ќе треба да ја фрлите.

trikovi-za-chistenje-so-produkti-shto-sigurno-gi-imate-doma-03.jpg

Исчистете ги дамките од облека со компир

На сите ни се случило ненамерно да обоиме некое парче облека во пералната. Во овој случај можете да ја спасите облеката со компир.

Најпрво темелно измијте го компирот, па целиот ставете го во тенџере со вода. Во меѓувреме, ставете ја облеката во многу студена вода.

Кога водата со компирот ќе зоврие, тргнете го од оган и ставете ја облеката во тенџерето.

Оставете да отстои барем половина час, па исперете ja како вообичаено.

Имајте на ум дека овој трик треба да го користите само за бела облека, која може да се пере на многу високи температури. Во спротивно, можете да ја уништите.

trikovi-za-chistenje-so-produkti-shto-sigurno-gi-imate-doma-04.jpg

Исчистете ја пералната со бел оцет

Пуштете ја пералната празна, на повисока температура, а во садот за детергент ставете две шолји бел оцет.

Оцетот, во комбинација со топлата вода, ќе ја дезинфицира пералната и ќе го спречи развојот на бактерии.

Кoга пералната ќе заврши, можете и темелно да ја исчистите гумата на вратата со крпа натопена со оцет.

trikovi-za-chistenje-so-produkti-shto-sigurno-gi-imate-doma-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...
10 корисни кујнски трикови што треба да ги знаат сите домаќини и домаќинки Како да омекнете кристализиран мед, како магдоносот да ви трае подолго и како да...
Работи што ги правите погрешно кога го чистите домот (и можат да бидат опасни) Ги чистите тавите со жичка и користите чистач на пареа за тепихот – со овие греш...
Предмети кои сите ги имаме дома, а се „дувло“ за инсекти Старите книги, ЛЕД сијалиците, картонските кутии и дрвените полици се рај за жив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg