Како конечно да се стоплите оваа зима?

Иако се наоѓаме на самиот почеток од зимата, ниските температури нè принудуваат да се облечеме најтопло што можеме и да не излегуваме многу надвор.

9-trikovi-kako-da-vi-bide-toplo-vo-zima-001.jpg

Организмот секогаш се труди да ја одржи оптималната телесна температура, но кога температурите ќе паднат под нулата добредојдена е секаква помош.

Следните трикови ќе ви покажат како да го загреете телото кога сте на отворено, но и кога сте дома.

1. Започнете го денот со нешто топло

Ако помисливте на кафе, воопшто не сте во право. За да не го исцрпите дополнително организмот, започнете го денот со топла овесна каша со мед или чинија житарки.

9-trikovi-kako-da-vi-bide-toplo-vo-zima-02

2. Облечете неколку слоеви облека

Слоевитата облека не само што ќе му помогне на телото да ја задржи внатрешната топлина, туку и ќе ви биде од корист доколку ви стане топло и мора да соблечете нешто.

9-trikovi-kako-da-vi-bide-toplo-vo-zima-10.gif

3. Не ги заборавајте капата и ракавиците

Иако речиси сите одбиваме да носиме капа, факт е дека таа навистина му помага на организмот да се загрее. Истото важи и за ракавиците. Научниците укажуваат на фактот дека мозокот не регистрира дека телото се загреало, доколку екстремитетите се ладни. 

9-trikovi-kako-da-vi-bide-toplo-vo-zima-04

4. Топли обувки

Топлите чевли или чизми се уште еден дел од облеката, кој може да ве заштити од студ. Пред да одите некаде, загрејте ја нивната внатрешност со фен неколку минути и веднаш облечете ги. Вашите нозе ќе ви бидат благодарни. 

9-trikovi-kako-da-vi-bide-toplo-vo-zima-05

5.Загрејте го домот

Од особена важност во текот на зимата е домот да биде топол. Ако сте забележале дека штом застанете до вратата чувствувате како навлегува студен воздух, направете заштитници со помош на стари хулахопки.

9-trikovi-kako-da-vi-bide-toplo-vo-zima-11.gif

9-trikovi-kako-da-vi-bide-toplo-vo-zima-12.gif

6. Затворени врати = топол дом

Наједноставниот трик за да ја задржите топлината во домот е да ги држите затворени сите врати.

9-trikovi-kako-da-vi-bide-toplo-vo-zima-07

7. Ослободете ги радијаторите

Сè она кое се наоѓа директно пред радијаторите, го спречува ширењето на топлината. Токму затоа, важно е тие да бидат слободни и да нема некаков поголем предмет пред нив.

9-trikovi-kako-da-vi-bide-toplo-vo-zima-08

8. Покријте го подот

Теписите постојат со причина -  да го загреат вашиот дом и да ви овозможат да газите на нешто меко и топло.

9-trikovi-kako-da-vi-bide-toplo-vo-zima-09

9. Топол кревет

Ако креветот ви е ладен и никако не можете да се згреете кога ќе си легнете, наполнете шише со врела вода и ставете го под постелнините некое време пред да си легнете.

9-trikovi-kako-da-vi-bide-toplo-vo-zima-10 copy

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Валкани штекери и уште 9 ситници поради кои домот ви изгледа неуредно во очите на гостите Дамки од бигор на чешмата, расфрлани шминки и овенато цвеќе – постојат ситници н...
Предмети кои сите ги имаме дома, а се „дувло“ за инсекти Старите книги, ЛЕД сијалиците, картонските кутии и дрвените полици се рај за жив...
Кафе, квасец: Производи во кујната што ги чуваме погрешно, па најчесто ги фрламе Шеќер - Препорачливо е шеќерот да го купувате во ограничени количини, бидејќи е ...
10 ситници во бањата кои прават да изгледа валкано и неуредно Ако ставите крпи со иста боја, ги средите каблите од пеглата за коса и сличните ...
9 работи во домот што можете да ги оштетите ако ги чистите (или перете) многу често Можете да ја користите истата крпа и 3-4 дена ако ја закачувате на место на кое ...
Корисни трикови како да ги измерите состојките „од око“ (а да се точни) Ви се случило ли кога готвите да ставате состојки „од око“? Но, што ако рецептат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg