Како да ги снема линиите од прекршувањето на кожените обувки и патики?

Сите го обожаваме изгледот на новите патики, но по само неколку носења, превиткувањето кај прстите знае да создаде сериозни линии и вдлабнатини.

kako-da-gi-snema-liniite-od-prekrsuvanjeto-na-kozhenite-obuvki-i-patiki-01.jpg

Доброто е што со едноставен домашен „третман“ може повторно да ги направите како нови.

Трикот е толку лесен и брз, што може да го практикување пред секое носење на патиките.

Потребни ви се неколку весници, кујнска крпа и пегла.

Наполнете ги патиките со весници, за да спречите влагата да навлезе во нив.

Потоа, натопете ја кујнската крпа со вода и поставете ја на предниот дел, односно онаму каде што е прекршувањето.

kako-da-gi-snema-liniite-od-prekrsuvanjeto-na-kozhenite-obuvki-i-patiki-03.jpg

Поминете со топла (умерено) пегла, со нежни движења, неколку минути. Процесот ќе ја врати влагата во кожата и буквално ќе ја испегла, но прво може да пробате на помал дел, за да не ризикувате од разни причини, целосно да ги уништите чевлите.

kako-da-gi-snema-liniite-od-prekrsuvanjeto-na-kozhenite-obuvki-i-patiki-04.jpg

kako-da-gi-snema-liniite-od-prekrsuvanjeto-na-kozhenite-obuvki-i-patiki-02.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...
10 ситници во бањата кои прават да изгледа валкано и неуредно Ако ставите крпи со иста боја, ги средите каблите од пеглата за коса и сличните ...
Бели дрвени врати: Зошто пожолтуваат и како да ги одржувате? Неквалитетна боја, но и грејни тела кои се наоѓаат во близина - зошто пожолтуваа...
10 детали кои го уништуваат изгледот дури и на најубавиот ентериер Несредена работна површина во кујната, прашина на собните цвеќиња... Кои се најч...
Знаци дека имате мувла во домот + како да се ослободите од неа Поставете сензори за температура и влажност во вашиот дом, па користете ги да го...
9 работи во домот што можете да ги оштетите ако ги чистите (или перете) многу често Можете да ја користите истата крпа и 3-4 дена ако ја закачувате на место на кое ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg