9 работи во домот кои заборавате да ги исчистите, а оставаат лош впечаток
-->
Масата, комодата, работната површина во кујна и подот не се единствените работи што треба да ги пребришете кога чистите.
Во домот има многу предмети кои во себе собираат прашина и бактерии, а ретко кој ги чисти редовно колку што е потребно.
-->
Иако е полесно да ги игнорирате, сепак е подобро да си направите навика одвреме-навреме да им обрнете внимание, пред гостите да ви преречат.
Совети на кои работи да обрнете внимание кога чистите за да имате дом кој „свети“:
Делот под и зад фрижидерот – поместете го и ќе се изненадите од прашината
Сунѓерот за бањање – во него има многу бактерии и мртви клетки
Корпата во која ставате перена облека сама по себе не е чиста и има насобрано прав
-->
-->
Завесите од туш собираат влага и треба одвреме навреме да ги перете во машина или на рака
-->
Четката за чистење тоалетна школка и садот во кој стои се полни со остатоци и бактерии
Ќе се изненадите колку нечистотии може да има под тепихот ако имате навика да го заобиколувате кога чистите
-->
Лајсните помеѓу подот и ѕидот, како и ѕидните плочки се нешто што не треба да заборавате при чистење
Свеќите собираат многу прашина залепена на восокот
Четките за коса чистете ги со топла вода и сода освен што ќе ги отстраните влакната
М. М. | Црнобело / фото: pixabay.com / depositphotos.com
Би можело да ве интересира:
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари)
Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
Работи што ги правите погрешно кога го чистите домот (и можат да бидат опасни)
Ги чистите тавите со жичка и користите чистач на пареа за тепихот – со овие греш...
Валкани штекери и уште 9 ситници поради кои домот ви изгледа неуредно во очите на гостите
Дамки од бигор на чешмата, расфрлани шминки и овенато цвеќе – постојат ситници н...
Молци во домот - Како да ги уништите и да спречите да се појават повторно?
Знаци дека имате молци во домот се дупките на вашите теписи, палтата, облеката. ...
Предмети кои сите ги имаме дома, а се „дувло“ за инсекти
Старите книги, ЛЕД сијалиците, картонските кутии и дрвените полици се рај за жив...
Каква енергија „ви зрачи“ нередот во секој дел од домот - Неуредниот ходник носи расправии и сиромаш...
Зошто е неопходно да го исчистите ходникот од старите чевли и чадори, а зошто не...