Совети за одгледување љубичици: Издржливи на ниски температури, цветни и во зима

Едни од најубавите и најшарените цвеќиња кои може да ги сретнете и во зима, се токму љубичиците. Погодни се и за на тераса и за во двор, а лесно може да правите свои комбинации бидејќи се достапни во многу бои и нијанси.

izdrzhlivi-na-niski-temperaturi-cvetni-i-vo-zima-soveti-za-odgleduvanje-ljubichici-01.jpg

Љубичиците најчесто се едногодишни растенија, а се одгледуваат поради нивните прекрасни цветови кои ги среќаваме во различни бои. Тие се високи околу 15 до 20 сантиметри, а периодот на цветање им е од септември до мај, што ги прави одличен избор за вашиот двор или градина во зима.

Овие прекрасни цветови не бараат голема нега и искуство, па веруваме дека со малку знаење, секој би се снашол одлично со нивно одгледување.

Неколку совети кои ќе ви помогнат да добиете шарена градина и во зима:

Садење и размножување на љубичиците

Љубичиците може да ги засадите со семе, а за почеток на есенското цветање се започнува со садење во јуни/јули, додека пак за пролетно цветање сеидбата обично започнува во декември/јануари.

Садењето се врши во влажна и стерилна подлога, на длабочина од 5 милиметри, а температурата по можност треба да биде околу 20 степени. Пред да порасне, садот во кој ќе го ставите семето покријте го со проѕирна фолија, со цел да одржувате постојана влага. Времето на ’ртење на семето е од 4 до 7 дена.

Веќе по втората недела од никнувањето, пожелно е да се започне со прихрана со фосфор, за подобар и побрз развој на кореновиот систем. Пред да ги расадите, во текот на првите пет недели постепено намалувајте ја температурата каде што ги чувате младите коренчиња и тоа до 15 степени.

izdrzhlivi-na-niski-temperaturi-cvetni-i-vo-zima-soveti-za-odgleduvanje-ljubichici-02.jpg

Одгледување и нега на љубичиците

Во текот на растот на љубичиците, треба да им се обезбеди добра светлина. Овие растенија не треба да се садат многу длабоко во почвата, бидејќи корените би можеле да изгнијат. Тие добро го поднесуваат мразот, но сепак, температурите кои ќе се спуштат под 16 степени може да доведат до замрзнување на некои видови, додека пак други поднесуваат и пониски температури.

Исто така, внимавајте на светлината, затоа што ако се целосно во сенка, тие нема да цветаат туку само ќе се издолжат. Интензивно цветаат до крајот на мај, иако има видови кои цветаат и во текот на целото лето. Имајте предвид дека во топлиот период потребна е дополнителна заштита од зелени вошки.

izdrzhlivi-na-niski-temperaturi-cvetni-i-vo-zima-soveti-za-odgleduvanje-ljubichici-03.jpg

Бидејќи овие растенија најчесто се продаваат во саксии од 7 до 10 сантиметри, тие треба да се пресадат веднаш по купувањето. Ако користите стандардни жардинерии за нив, засадете три растенија во една, доколку пак се одлучите за садење на отворено, тогаш најдобро е да засадите бар 25 парчиња на метар квадратен.

Што се однесува пак до наводнувањето, треба редовно да ги полевате, но и да не претерате. Повеќе вода би сакале во рана есен, по садењето, или пак во доцна пролет, доколку нема доволно дожд.

izdrzhlivi-na-niski-temperaturi-cvetni-i-vo-zima-soveti-za-odgleduvanje-ljubichici-04.jpg

М. Ѓ | Црнобело / фото: pixabay.com

Би можело да ве интересира:

Висечки растенија во домот: Кои видови се најпогодни? Собните растенија се одличен начин да го разубавите вашиот ентериер и ...
6 собни растенија кои лесно ќе преживеат, дури и во домот на „најнегрижливите“ На некои цвеќиња вода треба да им ставате еднаш месечно, други не бараат светлин...
Што да направите за розите во вашиот двор да изгледаат како од списание? Наскоро ќе започнат да цветаат па доколку сакате да се гордеете со ваш...
Хоја – Растение со уникатен изглед кое мириса на мед, а не бара голема нега (фото) Хоја, познато и како восочен цвет, е растение со уникатен изглед чии цветови исп...
4 растенија што ќе ви го претворат балконот во цветна оаза, а се лесни за одгледување Сарделата има цветови во неколку нијанси и бара директна сончева светлина, а еди...
Бети од кочанско креирала мини рај во нејзиниот двор во Франција: „Законски сме обврзани да ја косим... „Маслинката беше обична маслинка и јас си ја кроев вака на облаци. Шимширот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg