Не сака други растенија околу него – Лирата фикусот е едно од најомилените саксиски растенија на Инстаграм (фото)

Фикус Лирата или уште познат како Лировиден фикус (Fiddle-leaf fig) е еден од помалку познатите фикуси кај нас, иако последниве неколку години доминира во внатрешното уредување на просторот со зеленило.

Lirata-fikus-01.jpg

Необичното име се должи на обликот на лисјата кои наликуваат на виолина. Кога расте во природа, на отворено, максималната должина на овој фикус може да достигне неверојатни 30 метри, но, во домашни услови висината изнесува од 100 до 250 cm.

Фикус лирата или лиратот е растение кои се одликува со ретки гранки и огромни лисја со груба, нерамна текстура. Најдобро се развиваат на места со придушена светлина – на источната или западната страна од домот.

Сепак, фикусот лирата не сака други растенија околу него кои ќе му ја крадат светлината којашто му е потребна.

Исто така, не сака ниту да го менува местото. Откако ќе му го „погодите“ обидете се да не го поместувате воопшто.

Температурата којашто му одговара најмногу треба да се движи од 15-25 степени. Ова растение сака влажност, па внимавајте често да ги освежувате листовите со вода.

Сепак, не треба да претерувате со наводнување на земјата, која најдобро ја црпи водата од дополнителен сад поставен под саксијата: 2-3 пати неделно во текот на летниот период и само 1 во текот на зимата.

Воедно, сака вода на собна температура, никако премногу ладна.

Можеби ви изгледа премногу мачно за одржување, но пред да ги кренете рацете од фикус лирата, погледнете само како магично се вклопува во просторот:

https://www.instagram.com/p/CM9UepFA7xk/

https://www.instagram.com/p/CNSQc4dp7XZ/

https://www.instagram.com/p/CNL3ssUgxXt/

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хоја – Растение со уникатен изглед кое мириса на мед, а не бара голема нега (фото) Хоја, познато и како восочен цвет, е растение со уникатен изглед чии цветови исп...
6 собни растенија кои лесно ќе преживеат, дури и во домот на „најнегрижливите“ На некои цвеќиња вода треба да им ставате еднаш месечно, други не бараат светлин...
Што да направите за розите во вашиот двор да изгледаат како од списание? Наскоро ќе започнат да цветаат па доколку сакате да се гордеете со ваш...
Висечки растенија во домот: Кои видови се најпогодни? Собните растенија се одличен начин да го разубавите вашиот ентериер и ...
Среќен бамбус – Како да се грижите за него и зошто е добро да го имате во домот? Таканаречениот среќен бамбус може да вирее во секој дел од домот, но, според Фен...
Бети од кочанско креирала мини рај во нејзиниот двор во Франција: „Законски сме обврзани да ја косим... „Маслинката беше обична маслинка и јас си ја кроев вака на облаци. Шимширот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg