„Низа од срца“ или String of Hearts – популарен сукулент кој го обожаваат сите (фото)

String of Hearts, исто така познато и како Ceropegia woodii, е прекрасен сукулент кој може да го облагороди секој простор за живеење. Додека за некои, грижата за овој сукулент претставува тешка задача, други тврдат дека штом ќе успеете да се справите со него, String of Hearts е едно од најтолерантните домашни растенија.

String-of-Hearts-popularen-sukulent-koj-go-obozavaat-site-01.jpg

String of Hearts е фантастично висечко растение кое потекнува од Јужна Африка, Есватини и Зимбабве.

Поради својата темнозелена боја со разновидни сребрени детали, чии листови може да бидат и во крем, розова и зелена боја, во облик на срце со дезен - овој прекрасен, нетипичен цвет ги украде срцата на многу колекционери на саксиски растенија.

Растението String of Hearts сака топлина и светлина, но не толерира директна сончева светлина.

Како и секој сукулент и „Низата срца“ не сака премногу вода, бидејќи коренот може да почне да гние и да скапе, па најдобро е да го „искапете“ сукулентот во вода на секои 2-3 недели, за да се освежи.

Погледнете како изгледа магичното „Низа од срца“ или String of Hearts:

View this post on Instagram

A post shared by 𝗠𝗮𝗿𝗸 𝗟𝗮𝘀𝗵𝗺𝗮𝗿 aka 𝙔𝙤𝙪𝙧 𝘽𝙖𝙗𝙮𝙡𝙤𝙣 (@your.babylon)

View this post on Instagram

A post shared by @thenarrowboatlife

https://www.instagram.com/p/Ccb2cO1M5MT/

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 собни растенија кои лесно ќе преживеат, дури и во домот на „најнегрижливите“ На некои цвеќиња вода треба да им ставате еднаш месечно, други не бараат светлин...
Среќен бамбус – Како да се грижите за него и зошто е добро да го имате во домот? Таканаречениот среќен бамбус може да вирее во секој дел од домот, но, според Фен...
Бети од кочанско креирала мини рај во нејзиниот двор во Франција: „Законски сме обврзани да ја косим... „Маслинката беше обична маслинка и јас си ја кроев вака на облаци. Шимширот...
Висечки растенија во домот: Кои видови се најпогодни? Собните растенија се одличен начин да го разубавите вашиот ентериер и ...
Чести грешки со кои несвесно ги „убивате“ растенијата во домот Често ги пресадувате, сите растенија ги чувате на сонце и заборавате да им ги ис...
Одгледување бонсаи во 6 чекори - доволно едноставни и за неискусни Одберете вид на дрво кое расте бавно, не претерувајте со наводнување и повремено...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg