Сансеверија: Украсно растение совршено за почетници – трпи секакви услови и го прочистува воздухот (фото)

Сансеверијата, позната и како индијанско перо, е совршено растение за почетници и оние кои не се највешти со растенија – трпи секакви услови, а дури и да заборавите да му ставите вода, нема да направите голема штета.

sanseverija-ukrasno-rastenie-sovrsheno-za-pochetnici-trpi-sekakvi-uslovi-i-go-prochistuva-vozduhot-foto-01.jpg

Сите сакаме зеленило во домот, но не сите сме подготвени да им ја пружиме потребната грижа на растенијата.

Секое растение бара различна количина вода, сончева светлина и топлина. Потоа, некои растенија не трпат влажен воздух, додека на други тоа им е неопходно за да преживеат.

Сето во може да ве обесхрабри да внесете малку зеленило во домот, но, за среќа, постојат и растенија кои не бараат некоја посебна грижа.

Тому вакво растение е таканареченото индијанско перо.

View this post on Instagram

A post shared by Anti Social Plant Club (@antisocial.plantclub)

Индијанско перо, или сансеверија (лат. Sanseveria) е декоративно собно растение кое е многу отпорно, па ова го прави совршен избор за оние кои не се многу вешти со растенија.

Сансеверијата има впечатливи, долги зелени листови кои можат да достигнат и 80 сантиметри. Поднесува скоро секакви услови, па можете да бидете сигурни дека нема да ја „убиете“.

Ова е растение што можете да го чувате и под сенка, но му годи и неколку часа сончева светлина во текот на денот. Единствено имајте на ум дека ако го чувате на сонце, ќе расте многу побрзо.

Бидејќи не бара многу влажност на воздухот, нема да погрешите и ако го чувате во близина на грејно тело.

Кога станува збор за наводнување, нема да направите голема штета и ако заборавите. Препорачливо е да го наводнувате кога ќе забележите дека почвата во саксијата е засушена.

Во лето ова може да биде еднаш или двапати неделно, а во зима дури и еднаш на две-три недели. Важно е само да не ставате многу вода за да не го оштетите коренот.

Исто така, сансеверијата е растение кое го прочистува воздухот во домот и наводно е едно од најефикасните растенија кои ја имаат оваа способност.

Неколку фотки што ќе ве натераат уште денес да си набавите сансеверија:

https://www.instagram.com/p/Cf6DoDTNb_B/

https://www.instagram.com/p/Cf6EjU-td9L/

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хоја – Растение со уникатен изглед кое мириса на мед, а не бара голема нега (фото) Хоја, познато и како восочен цвет, е растение со уникатен изглед чии цветови исп...
Висечки растенија во домот: Кои видови се најпогодни? Собните растенија се одличен начин да го разубавите вашиот ентериер и ...
6 собни растенија кои лесно ќе преживеат, дури и во домот на „најнегрижливите“ На некои цвеќиња вода треба да им ставате еднаш месечно, други не бараат светлин...
Што да направите за розите во вашиот двор да изгледаат како од списание? Наскоро ќе започнат да цветаат па доколку сакате да се гордеете со ваш...
Бети од кочанско креирала мини рај во нејзиниот двор во Франција: „Законски сме обврзани да ја косим... „Маслинката беше обична маслинка и јас си ја кроев вака на облаци. Шимширот...
Водич за почетници: Како да се грижите за лимоново дрво ако живеете во стан? Иако на прв поглед изгледа комплицирано, не треба да сте експерт за да се грижит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg