Стан во кој се гледа секој успешен маж и моќна жена (фото)

Стан за сите оние мажи кои го ценат својот стил и сакаат да го имаат и во својот дом и во автомобилот и во бизнисот, но ќе им се допадне и на сите моќни жени.

stan-vo-maski-stil-i-elegancija-za-mokna-zena-foto-01

Елеганција, прецизност и шарм се главните карактеристики со кои освојува овој стан.

Крис Кипенбергер е основач на германското креативно студио „Кипенберг“ и вложил 1,2 милиони евра за овој стан кој имал намера веднаш да го продаде.

Со оглед на тоа како изгледа и кој може да си го дозволи, не било тешко штом ги нашол вистинските клиенти.

Апартманот е сместен во строгиот центар на Берлин, на локација која е апсолутно креативна средина. Внатрешно е целосно отворен, без заградени соби што совршено го поврзува просторот за одмор и работниот. Додека погледот на соседството дполнително го проширува ионака огромниот стан од 223 квадратни метри.

Она што е посебно интересно кај овој стан е лифтот за автомобил. Својот елегантен љубимец сопственикот може да го паркира на тераса, иако станот се наоѓа на четвртиот кат. Освен природното осветлување со кое изобилува овој стан, го краси и луксузна када во спалната соба, до неа и соба за гости, како и мала библиотека.

Шармантен, елегантен и моќен стан кој освојува со стил.

Би можело да ве интересира:

Мила и Дарко од Скопје се преселија во Орешани: „Градот почна да нè гуши, тука го пронајдовме својот... „Официјално се преселивме во Орешани во пролетта 2021, откако по не знам кој пат...
На гости кај Надица: Светол стан во Скопје со шарени плочки во кујната и впечатливи парчиња мебел (ф... „Станот го уредувавме заедно со сопругот, кој по професија е архитект. Најколори...
На гости кај Васил Гарванлиев во Чикаго: „Живееме во елитна населба, куќата има 7 спални соби, базен... „Куќата во која живееме со Џејсон има 7 спални соби, од кои 2 се пренаменети во ...
На гости кај Силвана: Стан од 72m2 во Скопје со библиотека и тиркизна гарнитура (фото) „Идејата за уредувањето на станот, како и боите ги договаравме заедно ...
На гости кај Иџе: Стан во „Аеродром“ со големи прозорци, поглед на Вардар и тиркизни детали „Станот го уредував јас пред неколку години, кога се вратив од трка по крајот на...
Во домот на Маријана во Штип: Куќа во барок стил, со златни елементи и многу новогодишни украси „Дневната соба ја уредивме во уникатен стил, комбинирајќи елементи на природата ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg