На гости кај Иџе: Стан во „Аеродром“ со големи прозорци, поглед на Вардар и тиркизни детали

„Станот го уредував јас пред неколку години, кога се вратив од трка по крајот на сезоната. Во тоа време сопругата и децата беа на викендичката на планина, а јас само им се јавив за да им кажам дека почнувам со рушење и реновирање“, вели Иџе за CRNOBELO.com и откри детали за семејниот дом.

na-gosti-kaj-idje-stan-vo-aerodrom-so-golemi-prozorci-pogled-na-vardar-i-tirkizni-detali-01.jpg

Европскиот шампион во ридски патеки, Игор Стефановски - Иџе, живее во населбата Аеродром, во стан со големи прозорци и прекрасен поглед на реката Вардар.

Станот го уредил по свој вкус, заедно со сопругата, па во домот доминираат светли бои и тиркизни тонови, за кои Иџе вели дека му даваат посебна топлина на просторот.

idze-05.jpg

И иако многумина очекуваат да има соба со трофеи, или барем голем дел од станот да им е посветен да сите одличја што ги освоил низ годините, Иџе вели дека во станот чува само неколку што му се најдраги, а сите останати се во канцеларијата на татко му, кој со многу внимание и љубов се грижи за нив.

idze-19.jpg

За CRNOBELO.com тој раскажа за домот и ни откри зошто со сопругата ги одбиле архитектите со кои разговарале околу неговото уредување:

„Со семејството живееме во Аеродром, во станот во кој се преселив кога имав 12 години со моите родители и брат ми.

Претходно живеевме во куќа на Водно, која беше токму на местото каде што беше стартот за ридските трки, па од таму и се јави љубовта кон овој спорт.

idze-18.jpg

Станот е место кое нè опушта сите бидејќи има многу убав поглед кон Вардар.

Дури и мислам дека останавме во тој стан најмногу поради погледот и сè она што го опкружува местото, бидејќи е многу мирно.

Јас уживам да гледам во вода, во река, и мислам дека не би го сменил станот за ништо и за ниедна друга локација.

Водата ми дава енергија и наутро и навечер, а секојдневното шетање покрај кејот ме опушта.

idze-13.jpg

Инаку, станот го уредував јас. Последното уредување ни беше пред неколку години, кога се вратив од трка по крајот на сезоната.

Во тоа време сопругата и децата беа на викендичката на планина, а јас само им се јавив за да им кажам дека почнувам со рушење и реновирање.

Идеите околу уредувањето се најмногу мои, но сè е направено заеднички со сопругата.

Имавме и предлози од архитекти, но не можевме да се вклопиме во нивните идеи и решивме сами да си го направиме домот, по свое.

idze-07.jpg

За нас тоа е најубавото место, а мислам дека и луѓето што ни доаѓаат на гости се чувствуваат убаво.

Не е ништо луксузно, но е пријатно место, бидејќи најголемиот дел од животот си го поминуваме дома.

Ние не сме луѓе што сакаат да излегуваат многу по ресторани и кафулиња, најубаво ни е да сме дома, да си пуштиме филм.

idze-11.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Надица: Светол стан во Скопје со шарени плочки во кујната и впечатливи парчиња мебел (ф... „Станот го уредувавме заедно со сопругот, кој по професија е архитект. Најколори...
Во домот на Катерина: Стан во Аеродром од 48m2, со кујна во пастелна минт боја и многу цвеќиња „Кога го купував станот, еден од одлучувачките фактори беше самиот распоред на с...
На гости кај Васил Гарванлиев во Чикаго: „Живееме во елитна населба, куќата има 7 спални соби, базен... „Куќата во која живееме со Џејсон има 7 спални соби, од кои 2 се пренаменети во ...
На гости кај Христина: Стан во Скопје од 80m2 уреден во минималистички стил со елементи од орев „Сакавме отворен простор со многу светлина, едноставен, со класичен, минималисти...
Во домот на Маријана во Штип: Куќа во барок стил, со златни елементи и многу новогодишни украси „Дневната соба ја уредивме во уникатен стил, комбинирајќи елементи на природата ...
На гости кај Игор Митровиќ: Модерен стан од 65m2 во Аеродром со лед осветлување во сите простории (ф... „Зградата во која живеам е нова, пред нецела година се пушти во употре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg