Црно-бело поткровје за млад брачен пар (фото)

Проектот претставува обнова на веќе постоечки станбен простор во Португалија каде измените имаат за цел да внесат свежина и модерни елементи, истовремено задржувајќи ги спомените од минатото.

crno-belo-potkrovje-za-mlad-bracen-par-01.jpg

Покривот од греди е елементот со кој се задржува руралноста, но истиот е обоен во бела боја која заедно со црната се доминантни бои низ целиот простор.

Покрај црната и белата боја искористен е и дрвениот под кој придонесува за контраст, како во поглед на бојата, така и во поглед на текстурата.

Новиот елемент кој е додаден во долниот дел и изгледа како дел од мебелот покрај тоа што создава еден вид на просторна поделба помеѓу кујната и дневниот простор, претставува основа за кујнските елементи, тоалетот, шпајзот и скалите кои водат кон горниот дел.

Долниот дел е минималистички опремен и постои еден вид на поделба на четири основни делови: влез, дневен престој, трпезарија и кујна.

Горниот дел, кој во минатото бил користен за сушење семиња, сега е претворен во работен простор.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На гости кај Игор Митровиќ: Модерен стан од 65m2 во Аеродром со лед осветлување во сите простории (ф... „Зградата во која живеам е нова, пред нецела година се пушти во употре...
Локал покрај море во Солун - „Les Zazous“ е уживање за сите сетила (фото) Овој ресторан со модерен амбиент им е омилен на инстаграмџиките. Од поглед кон м...
Празнична магија во домот на семејството Митаноски во Дојран - Новогодишно украсена куќа која буди ч... „Домот за претстојните празници го украсувавме два дена. Во дворот доминираат ша...
Во домот на Невена и Тодор: Стан во „Ѓорче Петров“ со златни детали, уреден со идеи од Pinterest „Идејата за уредувањето на нашиот стан е заедничка, моја и на сопругот. Сак...
На гости кај Христина: Стан во Скопје од 80m2 уреден во минималистички стил со елементи од орев „Сакавме отворен простор со многу светлина, едноставен, со класичен, минималисти...
Шарено кафуле во Старата скопска чаршија е како сцена од бајка (фото) Со графити со разни бои на балони и бабичка како истура срциња од кофа, шарени п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg