Канцеларија каде работните часови поминуваат брзо

Канцеларијата на компанијата „Metromile“, сместена во Бостон, обединува две културолошки средини со енергична и разиграна софистицираност.

energichna-i-razigrana-kancelarija-vo-srceto-na-boston-001.jpg

Од една страна, тоа е богата и историска естетика на „New England“, а od друга страна, е иновативната енергија на Силициумска Долина („Silicon Valley“).

При реновирањето на зградата изградена во 19-ти век, воведени се топлина и мекост на просторот, со паметно и внимателно одбрани бои и мебел.

Во согласност со канцелариите на седиштето на компанијата, сместено во Сан Франциско, вметнати се елементи кои асоцираат на делови од автомобили и автомобилско искуство, за да се креира еден иновативен канцелариски простор кој инспирира.

Стаклените ѕидови, големото уметничко дело кое имитира модел на автомобил и ткаенината со пејзаж кој е инсириран од патување со автомобил - го обојуваат и делат целиот простор на засебни целини.

Деталите кои се поставени, придонесуваат со дополнителен шарм и разиграност на просторот.

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во дворот на Маја Кикириткова: „Имаме дебела сенка од стар орев и лулашка, а допрва ќе го уредуваме ... „Површината на дворот е 200m2, но сè уште е во фаза на уредување, само еден...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg