Не можеле да си дозволат кирии, па претвориле шатор од 27м² во топол дом за двете деца (фото)

Имале едно дете, а очекувале и второ, но немале доволно финансии за плаќање кирии, па во природа си поставиле шатор кој го претвориле во најтоплиот дом – приказната за Зек и Кејти.

ne-mozhele-da-si-dozvolat-kirii-pa-pretvorile-shator-od-27m-vo-topol-dom-za-dvete-deca-foto-01.jpg

Зек и Кејти живееле во стан во Калифорнија на почетокот од бракот, но откако им се родиле едно дете и очекувале второ, сфатиле дека не можат да си го дозволат животот што го сакаат, заради високите трошоци.

Кога Кејти останала бремена заминале во нејзиниот роден град Њу Мексико, таму живееле една година, а потоа нејзината мајка им кажала дека има плац на нејзино име.

Тие веднаш сакале да избегаат од плаќањето кирии и сакале што побрзо да се преселат на парчето земја која мајката на Кејти им го понудила.

Најбрзиот и најевтиниот начин бил шатор, кој ќе биде функционално и лесно достапно решение за семејството, со што ќе заштедат 1.500 долари месечно на кирии.

ne-mozhele-da-si-dozvolat-kirii-pa-pretvorile-shator-od-27m-vo-topol-dom-za-dvete-deca-foto-02.jpg

Купиле шатор од 27 метри квадратни, а им биле потребни 8 недели за да го изградат нивното ново живеалиште со мини поткровје.

Во него има сè што им е потребно на едно место – дел за спиење, кујна, трпезарија, мало купатило и гардеробер, а семејството научило да живее со помалку и практикува минималистички стил.

Она што е веројатно најголемиот проблем, е тоа што шаторот нема централно греење, па може да биде премногу ладно во зима. За време на ладните месеци, тие се облечени во јакни и џемпери, а сите 4-ца спијат заедно за да им биде  потопло, иако децата имаат свој кревет.

Зек признава дека не е лесно и дека многупати е голем предизвик, со оглед на тоа што е студено, тушот им е надвор и живеат во една соба, но вели дека бенефитот е што се во природа, има време за активности со синчињата и да прави што сака, па додава дека навистина ужива во ова искуство. 

Животот може да биде убав, а семејството среќно и во шатор од 27м²:

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На гости кај Васил Гарванлиев во Чикаго: „Живееме во елитна населба, куќата има 7 спални соби, базен... „Куќата во која живееме со Џејсон има 7 спални соби, од кои 2 се пренаменети во ...
На гости кај Иџе: Стан во „Аеродром“ со големи прозорци, поглед на Вардар и тиркизни детали „Станот го уредував јас пред неколку години, кога се вратив од трка по крајот на...
Во домот на Маријана во Штип: Куќа во барок стил, со златни елементи и многу новогодишни украси „Дневната соба ја уредивме во уникатен стил, комбинирајќи елементи на природата ...
На гости кај Силвана: Стан од 72m2 во Скопје со библиотека и тиркизна гарнитура (фото) „Идејата за уредувањето на станот, како и боите ги договаравме заедно ...
Локал покрај море во Солун - „Les Zazous“ е уживање за сите сетила (фото) Овој ресторан со модерен амбиент им е омилен на инстаграмџиките. Од поглед кон м...
Шарено кафуле во Старата скопска чаршија е како сцена од бајка (фото) Со графити со разни бои на балони и бабичка како истура срциња од кофа, шарени п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg