На гости кај Љубица и Милош: Стан во Капиштец со широка дневна соба и разиграна детска соба (фото)

„Кога по 16 години живеење во куќа, одлучивме да се преселиме во стан, првото нешто во барањето ни беше да има голем дневен престој. Се навикнуваш на комоција и раздалеченост на мебелот и тоа заедно со голема кујна ти станува приоритет“, споделува Љубица Милосављевиќ од Скопје за станот во кој живее со сопругот Милош и децата Ања и Андреј.

na-gosti-kaj-ljubica-i-milosh-01.jpg

Љубица и Милош Милосављевиќ од Скопје велат дека повеќе или помалку се стандарден брачен пар, од кој едниот е правник, а другиот сликар.

Тие велат дека не се само дијаметрално спротивни по професија, туку и по карактер и лични навики, сепак за клучните проекти во животот како одгледување и воспитување на деца и создавање дом и негово уредување секогаш се сложни во целост.

Токму ќерката Ања и синот Андреј се резултат на нивната љубов и заемна почит која трае веќе 16 години.

Ова 4-члено семејство живее во стан во скопската населба Капиштец.

За уредувањето на нивниот дом, Љубица открива за CRNOBELO.com:

„Мора да признаеме дека живеењето е сосема поинаку и поедноставно кога се функционира во брак е без деца, но од друга страна се чини дека се реализиравме во комплетни личности токму откако станавме родители. Но, за големо семејство треба и соодветен дом.

na-gosti-kaj-ljubica-i-milosh-13.jpg

Кога после 16 години живеење во куќа, одлучивме да се преселиме во стан, првото нешто во барањето ни беше да има голем дневен престој.

na-gosti-kaj-ljubica-i-milosh-15.jpg

Се навикнуваш на комоција и раздалеченост на мебелот и тоа заедно со голема кујна ти станува приоритет.

na-gosti-kaj-ljubica-i-milosh-07.jpg

Нашиот дом е лоциран во скопската населба Капиштец и неизбежно е дел од градската врева, но плени погледот од огромниот прозорец со нестандардни димензии во салонот.

na-gosti-kaj-ljubica-i-milosh-stan-vo-kapishtec-so-shiroka-dnevna-soba-i-razigrana-detska-soba-foto-001.jpg

Поглед исполнет со големи дрвја кои датираат од одамна и од време навреме можат да се забележат верверички во раните утрински часови поради близината на Водно, кои за кратко ни даруваат фасцинантна можност и нè делат од скопскиот бетон.

na-gosti-kaj-ljubica-i-milosh-09.jpg

Станот е уреден во минималистички стил со умерен колорит и претставува комбинација на природни текстури со неутрални бои.

na-gosti-kaj-ljubica-i-milosh-16.jpg

Со сопругот сами го осмисливме ентериерот, кој неминовно бараше посветеност и енергија, а имавме ограничен буџет.

na-gosti-kaj-ljubica-i-milosh-11.jpg

Сепак, лесно е нешто да се уреди, но станот да стане дом е всушност најтешката задача.

Да се создаде простор исполнет со топлина и да биде место за задоволување на потребите на едно семејство, особено за нашите деца Ања и Андреј, кои се голема разлика во возраст, е предизвик за што во најголем дел сметам дека сме го оствариле.

na-gosti-kaj-ljubica-i-milosh-02.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Надица: Светол стан во Скопје со шарени плочки во кујната и впечатливи парчиња мебел (ф... „Станот го уредувавме заедно со сопругот, кој по професија е архитект. Најколори...
На гости кај Силвана: Стан од 72m2 во Скопје со библиотека и тиркизна гарнитура (фото) „Идејата за уредувањето на станот, како и боите ги договаравме заедно ...
На гости кај Игор Митровиќ: Модерен стан од 65m2 во Аеродром со лед осветлување во сите простории (ф... „Зградата во која живеам е нова, пред нецела година се пушти во употре...
На гости кај Анастасија: Стан од 90m2 во скопската населба Карпош 4 со многу дрво и топли тонови (фо... „Омилени детали ми се автентичниот ретро аналоген аудио систем сместен на интере...
На гости кај Мартина: Семејна куќа во Виница со природен камен и двор со многу дрвја (фото) „Во куќата направивме многу промени, не само во дизајнот на ентериер, туку и сит...
На гости кај Васил Гарванлиев во Чикаго: „Живееме во елитна населба, куќата има 7 спални соби, базен... „Куќата во која живееме со Џејсон има 7 спални соби, од кои 2 се пренаменети во ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg