4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено)

Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година, доколку сакате модерен дом. 

boi-koi-ne-se-vo-moda-za-ureduvanje-na-domot-01.jpg

Уредувањето на домот не само што одзема многу време, со себе носи и ризици за погрешни одлуки.

Имено, од особено значење е внатрешноста во домот да ја уредите онака како би се чувствувале пријатно и опуштено, а воедно и да внесете нота на елеганција.

Иако неколку години по ред одредени бои беа „ин“, сепак оваа година дизајнерите открија дека треба да ги изоставите доколку сакате вашиот дом да изгледа модерно и софистицирано.

За кои нијанси станува збор?

Темносина

Оваа година заборавете на темносината боја. Иако долг период беше во тренд како симбол на мир и спокој, сепак оваа боја го прави домот ладен.

Наместо тоа, во домот внесете свежина со минт детали во комбинација со сините детали кои веќе ги имате во домот.

View this post on Instagram

A post shared by Clement Browne (@clementbrowne)

Сива

Долги години на врвот беше уредувањето на домот во сиви тонови. Иако на прв поглед изгледа луксузно и модерно, сепак сивата боја може да изгледа и монотоно доколку не се искомбинира правилно.

Доколку веќе сте се одлучиле за сива, додајте некои мермерни детали. Одлично би се вклопиле декорации со темна жолта или портокалова боја која ќе внесе свежина.

Зелена

Во последните години зелената боја стана неизбежна во уредување на домот.

Иако дава релаксирачки и пријатен изглед ,сепак треба да внимавате на нијансата.

Просторот ќе изгледа подобро доколку одберете богати нијанси на зелена боја, без разлика дали се работи за потемни или посветли.

Црна

Многумина мислат дека доколку внесат црна боја во домот ќе добијат елегантен простор, но не размислуваат дека таа го прави просторот „сериозен“ и исклучително „строг“.

Многу темниот простор може да доведе и до непријатно чувство и депресивност поради недостатокот на светлина, па најдобро е да се одлучите само за неколку црни детали, но тоа да не бидат големи предмети како гарнитура, комода...

В. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
Како да му дадете луксузен изглед на домот, со малку пари? Завеси од подот до таванот, многу растенија и три извори на светлина се само дел...
Кај Драгана дома: Есенски украсен стан во Гостивар со тикви во сите форми и бои и суво цвеќе (фото) „Препознатливо за мене е што во мојот дом секогаш сè е украсено во зависност кој...
5 креативни идеи како да ги изложите цртежите на вашите деца во домот Направете галерија на ѕидот или закачете ги на жица - постојат многу начини на к...
9 најголеми грешки што ги правите кога уредувате мал стан Завеси на прозорците, темен под, ... сите овие работи прават малиот простор да и...
8 бои со кои ќе го освежите домот оваа есен  Покрај бојата на килибар која нè асоцира на есен, темносината е уште еден одличе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg