Фенг шуи правила за љубовна хармонија во спалната соба

На Јапонците условите за живеење им се многу важни бидејќи сметаат дека тие влијаат на здравјето, љубовта, но и на согласувањето во сексот со партнерот. Затоа буквално ги почитуваат правилата на вештината фенг шуи, кои впрочем ги презеле од кинезите и според нив го уредуваат својот дом. Обидете се некои од нив д аги примените во својот живот.

feng-sui-pravila-za-ljubovna-harmonija-vo-spalnata-soba-1

Влезот не смее да биде на север
Прозорците, влезната врата и тоалетот не би требало да бидат на северната страна од домот бидејќи тоа лошо ќе се одрази на потенцијата на мажот. Во домот кој ги крши фенг шуи правилата постепено се вселува несреќа и сексуалниот живот замира. Мажот и жената сè почесто се караат, заболуваат, или во најдобар случај стануваат луѓе кои околината ги избегнува.

Посипете сол низ дома
Ако не можете да ги затворате прозорците и ја менувате позицијата на влезната врата и бањата, два пати во текот на месецот првиот и петнаесеттиот ден, посипете малку сол низ дома. Така ќе ги неутрализирате негативните влијанија, ќе ги прочистите меѓусебните односи и ќе го подобрите својот сексуален живот. Најважно е солта да ја посипете во дневната соба или некоја друга просторија во која сите домашни поминуваат најмногу време.

Создадете хармонија
Во куќите кои на северната страна имаат некоја испакнатина се зголемува потенцијата на мажот, сексуалниот живот на парот кој живее во неа станува сè подобар и похармоничен. Но, ако куќата има било какво вдлабување на северната страна, мажот ја губи потенцијата, а жената интересот за секс. Двајцата стануваат хронично уморни. Изборете се со нечистотијата, според фенг шуи во животниот простор секогаш мора да владее совршена чистота бидејќи во спротивно нема да има напредок и добар секс. Ако моментите на романтика и нежност ви се проретчиле, фатете ги метлите и четките во раце и почнете со работа. Исчистете го домот, најдобро заедно, па вашиот сексуален живот ќе процвета.

Засадете бреза
Кога Јапонците сакаат да го поправат сексуалниот живот, едноставно посадуваат бреза или некое друго убаво дрво во дворот. Садницата најбргу ќе расне на северниот дел од дворот, а паралелно со неа и вашата среќа.

Каде ви е телефонот
Хармонијата во домот и во сексот зависи од позицијата на телефонот. Јапонците телефонот го држат на југоисточната страна од станот или куќата затоа што се убедени дека така им стасуваат само добри вести. Тие тврдат дека правилната положба на телефонот им обезбедува и хармонија во сексот.

Внимавајте каде ви е перницата
Ако имате можност за избор, потрудете се спалната соба да ја сместите во северозападниот дел од куќата или станот за мажот да може да биде потентен, а сексуалниот живот на парот подобар. Но, ако спалната соба се наоѓа на југозапад, мажот и жената кои до тогаш имале добри сексуални односи ќе почнат да го губат интересот еден за друг. Перницата на северниот ѕид од домот ќе го направи мажот попотентен

Би можело да ве интересира:

Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
Како да му дадете луксузен изглед на домот, со малку пари? Завеси од подот до таванот, многу растенија и три извори на светлина се само дел...
5 креативни идеи како да ги изложите цртежите на вашите деца во домот Направете галерија на ѕидот или закачете ги на жица - постојат многу начини на к...
Трендови за уредување што ќе бидат хит и трендови што ќе исчезнат во 2024-та Дизајните инспирирани од природата стануваат сè популарни, додека доминацијата н...
Работи во домот заради кои гостите ќе ве озборуваат како неуредна личност Исчистете ги влакната од миленичињата, соберете го презреаното овошје. На кои де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg