Корисни совети и идеи за уредување на малите ходници

Ходникот е првата просторија во која влегуваме, па неретко тој го креира впечатокот за секоја останата соба од домот. Но, и покрај овој факт, често пати ходниците се сметаат за потполно неважен простор кој не бара никаква декорација.

korisni-soveti-i-idei-za-ureduvanje-na-malite-hodnici-02.jpg

Овие неколку совети и идеи за нивно прекрасно и функционално уредување ќе ви го променат начинот на кој го гледате и најмалиот ходник.

1. Идеални димензии за ходник

Минималната ширина на ходникот би требало да биде 90 сантиметри, затоа што сите прешироки или предолги ходници се нефункционални и непотребно го скратуваат просторот од другите „поважни“ простори во домот.


2. Избегнувајте гломазен мебел

Во ходникот нема место за големи парчиња мебел. Доволна е една закачалка за сите палта и едно шкафче за обувки. Ако имате каде, добредојдено е и големото огледало, а секое останато парче мебел распоредете го во другите соби.


3. Квалитетно осветлување

Ходниците често пати се мрачни простории само затоа што луѓето не знаат правилно да ја распоредат светлината. Доволно е да си поиграте со неколку мали ѕидни ламби за декорација или интересни подни ламби ако имате простор.


4. Стоечки закачалки

Ако избегнувате или од било која причина не сакате да ги бушите ѕидовите во ходникот, а имате доволно место - стоечката закачалка е идеално и модерно решение.


5. Закачалки за на ѕид

Ако се борите со простор во ходникот, прицврстете неколку штосни закачалки на ѕидот. Користете интересни модели на закачалки за да го избегнете студенилото во просторот.

korisni-soveti-i-idei-za-ureduvanje-na-malite-hodnici-01.jpg

6. Премногу обувки

Ако во ходникот немате простор за големо шкафче за обувки, бидете практични и чевлите кои не ги носите во моменталната сезона ставете ги во кутии и сместете ги високо во гардероберот. Во ходникот би требало да имате само неколку пара чевли кои ги носите секојдневно.


7. Направете сами закачалки од стара врата

Ако не ви е приоритет купувањето на нова закачалка, можете дами да ја направите. Старата врата која веќе извесно време само ви одзема простор, потпрете ја на ѕидот или прицврстете ја со поголеми шајки. На неа закачете обични, метални закачалки и воодушевете се на практичноста.


8. Декорирајте ги ѕидовите

Заради недостатокот на мебел, во ходниците често недостасува и топлина. Наједноставниот начин на кој можете да ја вратите се семејните фотографии или малите полички кои се закачуваат на ѕид.


9. Полици од дрвени гајби

Ако сакате да бидете оригинални и креативни, обојте ги обичните гајби во различни бои и прицврстете ги за ѕидот. На овој начин ќе заштедите на нови шкафчиња за обувки.


10. Закачалки со имиња

Ако живеете во заедница или едноставно сакате да воведете ред, испишете ги имињата над секоја закачалка. Послужете се и со неколку инспиративни мисли, за поубав ден штом го земете вашето палто.

Би можело да ве интересира:

Грешки при уредувањето заради кои постојано мора да чистите во домот (и залудно трошите време и пари... Наместо голем тепих во домот, подобро е да изберете еден помал килим, а преполне...
18 идеи од Пинтерест за стилско уредување мала бања (фото) Ако имате мала бања, не очајувајте - постои начин да ставите сè на едно место, а...
Како да му дадете луксузен изглед на домот, со малку пари? Завеси од подот до таванот, многу растенија и три извори на светлина се само дел...
Модерни детали кои треба да ги избегнувате кога го реновирате домот Керамички мијалник во кујната и чешми од темни метали се само дел од модерните д...
Како да му го подобрите изгледот на стариот (и евтин) мебел, без да потрошите многу пари? Скријте ја старата гарнитура со убави прекривки и декоративни перници, а стаклен...
Како да ѝ дадете луксузен изглед на бањата со минималистички златни детали? (фото) Златната боја изгледа одлично во бањата, а доволно е да замените само неколку де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg