Фенг Шуи правило за љубов и пари: Не треба ништо да чувате под кревет, освен една работа

Просторот под креветот би требало да биде отворен, советуваат сите Фенг шуи стручњаци, за енергијата да циркулира рамномерно низ целото наше тело преку ноќта. Но, постои една отстапка.

feng-sui-pravilo-za-ljubov-i-pari-ne-treba-nisto-da-cuvate-pod-krevet-osven-edna-rabota-01.jpg

Многуте предмети кои можеби ги чувате под креветот создаваат конфузна енергија која несвесно се лепи за вас додека спиете, што е лошо.

Просторот под креветот треба да биде празен и постојано чист.

Единствена отстапка која треба да ја направите според Фенг шуи е кутијата со богатство.

Каква е таа кутија со богатство и што има во неа?

Квалитетот е важен затоа што тој привлекува поголема енергетска вибрација. Цврстиот капак претставува сигурна и стабилна енергија, а отворената кутија ќе има минлив тип на енергија.

Материјалот на кутијата е исто така важен. Дрвото ја претставува енергијата за делување и развивање, додека фино обработената кутија со златна или сребрена (сосема прифатлива е и имитација, а не вистинско злато) е симбол на богатство. Стаклената кутија е симбол на чистота и јасна енергија, додека плетената го симболизира природното движење и ја поттикнува флексибилноста. Земјената или керамичката кутија е симбол за нега и внимание.

feng-sui-pravilo-za-ljubov-i-pari-ne-treba-nisto-da-cuvate-pod-krevet-osven-edna-rabota-02.jpg

Што треба да ставите во кутијата?

Пред да ја наполните кутијата запрашајте се: „Што ме прави вистински среќен/среќна?“

Идејата е да ги пронајдете предметите кои сакате да ги привлечете во вашиот живот.

Па така, ако сакате пари, во кутијата ставете златен накит, златници, скапоцени камчиња, кристали... Само избегнувајте да ја полните кутијата со метални монети.

Ако сакате да привлечете љубов, во кутијата ставете природни мириси, црвени свеќи, мирисни креми и масла.

Кутијата со богатство треба да ја освежите на секои 3 месеци, а најдобро е да ја чувате под средината на душекот, односно во пределот каде што ви доаѓа стомакот.

Би можело да ве интересира:

Живеам во стан од 50m2 во Скопје – одлуки што ги направив во уредувањето за кои не се каам (фото) Проточен бојлер во бањата за голем бојлер да не ми го зафаќа целиот простор, шан...
Како да му дадете луксузен изглед на домот, со малку пари? Завеси од подот до таванот, многу растенија и три извори на светлина се само дел...
Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
9 најголеми грешки што ги правите кога уредувате мал стан Завеси на прозорците, темен под, ... сите овие работи прават малиот простор да и...
Како да го направите малиот балкон визуелно поголем, според дизајнери на ентериер? Дајте им предност на дречливите бои и ставете високи растенија – дизајнери на ен...
4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg