Кои 3 предмети ви се потребни за гардеробер како на модна блогерка?

Од убави ентериери и добро организирани гардеробери никогаш не ни е доста, особено ако се реалистични и лесно можеме да ги ископираме и во сопствените домови.

koi-3-neshta-vi-se-potrebni-za-garderober-kako-na-modna-blogerka-1.jpg

Сопственички на такви гардеробери се токму модните блогерки, кои несебично ги споделуваат нивните преубаво средени модни катчиња на социјалните мрежи, обезбедувајќи ни изобилство од инспиративни идеи кога е уредувањето на домот во прашање.

Доколку подетално ги проучите нивните примери, лесно ќе дојдете до заклучок дека стилскиот гардеробер, без оглед на тоа дали се наоѓа во спалната соба или е посебен плакар во кој можете да чекорите, задолжително содржи 3 круцијални нешта: закачалка за облека, мек крзнен тепих и големо огледало кое стои потпрено на ѕидот.

koi-3-neshta-vi-se-potrebni-za-garderober-kako-na-modna-blogerka-2_copy.jpg

Ако ги прашате трендсетерките ширум светот, ова се трите парчиња кои веднаш ќе ја „живнат“ собата, под претпоставка дека просторот е светол и чист. А, што е најдобро од сè, лесно се достапни, а можете да ги купите по прифатлива цена.

Ви претставуваме неколку креативни предлози за создавање и уредување на ваша мини оаза на стилот во домот. Погледнете ги фотографиите и одберете ја омилената тема!

 М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 необични куќи кои како да не потекнуваат од овој свет Некои куќи делуваат како да се од бајките.. Или како да се донесени од иднината....
Трендови за уредување на стилски дом што доминираат оваа деценија Природни материјали, но и дезени инспирирани од 20-тиот век - трендови за уредув...
8 бои со кои ќе го освежите домот оваа есен  Покрај бојата на килибар која нè асоцира на есен, темносината е уште еден одличе...
Со архитектот Лука Радовиќ за уредувањето на јога студио во Скопје: „Груб простор претворивме во мес... „Проектот за внатрешно уредување на просторот наменет за јога студио делува лесе...
Како да му дадете луксузен изглед на домот, со малку пари? Завеси од подот до таванот, многу растенија и три извори на светлина се само дел...
Кул Инстаграм профили што ќе ви дадат идеи како да му дадете полуксузен изглед на домот Доколку и вие сте од оние луѓе што редовно бараат инспирација за уредување на до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg