Колку килограми треба да ослабете за да забележите промена?

Ако се обидувате да ослабете или се трудите да бидете поздрави, веројатно сте свесни дека освен ендорфините кои се ослободуваат при вежбање, љубовта кон нови, свежи јадења и позитивните вибрации кои произлегуваат од добрата грижа за себеси, постои и еден многу плиток, но задоволувачки бенефит – комплиментот „Изгледаш згодно.“

kolku-kilogrami-treba-da-oslabite-za-da-zabelezhite-promena-01.jpg

Неодамна, истражувачи на универзитетот во Торонто се запрашале прашање кое многу од нас немаат сила да го прашаат: „Колку килограми треба да се изгубат за да се познае промена?“

Иако изгледате прекрасно, не се сомневаме дека и вам ве интересира одговорот на ова прашање.

Научниците започнале со фотографии од лица на мажи и жени на возраст од 20 до 40 години и дигитално ги измениле така што им додале неколку килограми. Потоа, учесниците во истражувањето требало да извлечат по 2 портрети и да кажат кое лице им изгледа потешко. Па така, експертите дошле до заклучок дека кога вашиот BMI ќе падне за 1,3 т.е. 1,3 килограми на метар квадратен - тогаш вашето лице изгледа послабо.

Следно, истражувачите мереле која промена на диспозициите на лицето предизвикуваат промена во атрактивноста. Според тоа, женското BMI треба да се промени за 2,4, а машкото за 2,6 за да бидете доживувани како поатрактивни.

Да ги поедноставиме работите - за жената да изгледа фит, треба да ослабе 6,3 килограми, а мажите 8,5.

Според, главниот истражувач, Николас Рул: „Жените и мажите со просечна висина морат да се здебелат или ослабат околу 4 килограми ако сакаат да изгледаат послабо во лицето, но мора да изгубат двојно повеќе за да изгледаат поатрактивно.“

Позитивните страни? Прво, мажите за да изгледаат позгодно треба да изгубат повеќе килограми отколку жените. Второ, не мора да дојдете до совршената килажа за да забележите промена. Трето, можете да се здебелите до 5 килограми и пак да изгледате згодно.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Хит рецепт за пијалак кој ги топи мастите и помага за слабеење - се пие пред јадење и заситува (виде... Сакате да бидете во топ форма без да гладувате? Овој здрав пијалак содржи ананас...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
Евтин трик за рамен стомак – Со јаболков оцет се губат до 8kg за помалку од 3 месеци Според ново истражување, ако наутро пиете јаболков оцет, може да ослабите и до 8...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Српска нутриционистка предупредува: „Бурекот не треба да се консумира со јогурт“ „Наутро јадеме по еден бурек, а потоа ни се приспива“ – нутриционистката Јелена ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg