Бидете среќни со себеси: 5 совети кои ќе спречат прејадување и нездрава исхрана

Процесот на дебелеење - слабеење со ригорозни диети е пред сѐ опасен за здравјето, а и создавате нездрави навики.

bidete-srekjni-so-sebesi-5-soveti-koi-kje-sprechat-prejaduvanje-i-nezdrava-ishrana-01.jpg

Ако постојано сте несреќни со вашиот изглед и сакате поздраво да се храните без тешки диети од кои сте прегладнети и потоа се прејадувате, тогаш погледнете ги овие совети како да го надминете проблемот на прегладнување и прејадување:

1. Фокусирајте се на тоа какви чувства ви предизвикува храната

Кога јадете здрава храна се чувствувате поздраво, имате подобро варење, повеќе енергија, помалку сте нервозни, а вашата кожа блеска. Добрите избори базирани на тоа какви чувства храната ви предизвикува се многу добар начин како да се воздржите од 500-грамското чоколадо во фиоката.

Освен тоа, храната избрана на ваков принцип има подолготраен ефект за разлика од ефектот на храната избрана поради калории или поради тежината.


2. Готвeте

Готвењето е забавен процес во кој можете многу да научите околу храната, нејзината вредност и здравата исхрана. Тоа ќе развие подобра врска помеѓу исхраната и сопствените навики поврзани со неа. Почнете од лесни рецепти, барем неколку пати неделно. Единствено важно е да започнете.


3. Избегнувајте брзи диети

Диета со низок процент на масти и низок процент на јаглени хидрати не е решение затоа што, таа не резултира со позитивна промена. Секако дека треба да ги промените вашите животни навики, но ригорозните диети кои се наменети за одреден период не ви се најдобар пријател.


4. Направете шопинг план

Прво и најважно што треба да го направите пред да одите да купувате е да направите шопинг листа. Потешко е да застраните кога имате готов план и многу полесно се држите до него. Дури успевате да им одолеете на колачињата кои „ви фрлаат погледи“.


5. Бидете љубезни кон себеси

Дури и кога ќе изедете повеќе отколку што треба или изедете нешто што не е здраво, не се преоптоварувајте со тоа, така само ќе го зголемите стресот во телото и веројатно тоа ќе доведе до повторно прејадување или консумирање на нездрава храна.

Кога ќе се прејадете или ќе каснете нешто што знаете дека не е добро за вас, само признајте дека сте го направиле тоа и продолжете понатака. Сите правиме грешки.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Диетата на Наташа Беквалац со која за еден месец изгуби 10 килограми „Денот ми почнува со појадок со ќерките Хана и Катја. Откако ќе ги однесам во уч...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
3-дневна диета со лубеница - Колку е ефикасна и што треба да знаете за неа? Лубеницата содржи 92 отсто вода и е одлична во летниот период за хидрирање и за ...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...
Тридневно мени за Нордиска диета – За 15 дена се губат и до 5kg, а воопшто не гладувате Дали е можно да јадете цел ден и повторно да слабеете? Според скандинавските нау...
Српска нутриционистка предупредува: „Бурекот не треба да се консумира со јогурт“ „Наутро јадеме по еден бурек, а потоа ни се приспива“ – нутриционистката Јелена ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg