Што јадеше Ким Кардашијан за да изгуби 19 килограми по бременоста?

Фактот дека Ким Кардашијан успеала да изгуби 19 килограми, од накачените 27 килограми за време на бременоста со Сент Вест, за само 3 месеци е јасен доказ дека нејзината диета е ефикасна.

shto-jadeshe-kim-kardashijan-za-da-isgubi-19-kilogrami-po-bremenosta-01.jpg

Па, сите се прашуваме? Каква диета држела за да ослабе? Нејзиниот нутриционист, Колет Хејмовиц, открива што правела Ким за да ослабе.

1. Ким практикува Аткинсонова диета

Ким Кардашијан го следи истиот план кој го следела и по бременоста со Норт Вест и не го крие тоа. Таа постојано објаснува на социјалните мрежи дека ја обожава оваа програма за слабеење.

2. Најмногу консумира протеини

Без разлика на тоа дали станува збор за јајца, риба или пилешко, Ким мора да има протеини во секој оброк кој го јаде.

Се чини логично, затоа што повеќето истражувања откриваат дека оние кои консумираат доволно протеини според дневната препорачана доза, ја намалуваат својата тежина.

3. Многу млечни производи

Ким е фан на кашкавалот, моцарелата... всушност на сите видови на млечни производи. Омлет со кашкавал и сланина од мисиркино месо, пилешко месо и моцарела, супа со топено сирење... Тоа се само неколку од омилените оброци на Ким.

4. Не внимава на калориите

Ким не внимава на тоа дали некој производ има нискокалорична вредност, бидејќи според неа, така постојано ќе бидете гладни. Важно е само да консумирате повеќе протеини за да се чувствувате сите преку текот на целиот ден и истите да ги комбинирате со многу зеленчук.

5. Всушност, таа дневно консумира 1.800 калории

Тоа е долната граница за жена која дои (се движи меѓу 1.800 и 2.000 калории дневно). Дневно јаде 170g протеини, 10 порции зеленчук и две лажици масло.

6. Има листа на забранети производи

Ким не јаде шеќери, благи, торти, крекери, бело брашно, бел ориз... Практично сè што има високи количини на јаглехидрати.

7. Ким слабее околу еден килограм неделно

Не сака да изгуби голем број на килограми за многу краток период, туку се држи до препораките од докторите.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тридневно мени за Нордиска диета – За 15 дена се губат и до 5kg, а воопшто не гладувате Дали е можно да јадете цел ден и повторно да слабеете? Според скандинавските нау...
Српска нутриционистка предупредува: „Бурекот не треба да се консумира со јогурт“ „Наутро јадеме по еден бурек, а потоа ни се приспива“ – нутриционистката Јелена ...
Евтин трик за рамен стомак – Со јаболков оцет се губат до 8kg за помалку од 3 месеци Според ново истражување, ако наутро пиете јаболков оцет, може да ослабите и до 8...
Диетата на Наташа Беквалац со која за еден месец изгуби 10 килограми „Денот ми почнува со појадок со ќерките Хана и Катја. Откако ќе ги однесам во уч...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
Хит диета со тиквички: Детоксикација на организмот за 3 дена Тиквичките се хранлив зеленчук кој може да се додаде во широк спектар на јадења....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg